Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Новости

Во периодот од 11 до 17 Ноември 2014 во Каен (Франција) се одржа втората работилница од проектот "Помирувањето и визијата за заедничката иднина на Балканот и Европа. Европа овде - Европа таму (1914-2014)". На работилницата учествуваа студентите од катедрата по фотографија: Стефан Дамјаноски, Ристо Арнаудов, Зоран Шекеров и Арди Борова предводени од професорот Роберт Јанкулоски и Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш. За време на престојот беа посетени повеќе локации и музеи

На Универзитетот за аудиовизуелни уметности, во периодот од 17ти до 23ти Ноември ќе одржи интернационална работилница, посветена на пиесата “Последниот маж, последната жена” од Јордан Плевеш.  Како што е познато оваа пиеса доживеа свои праизведби во Скопје, Париз, Москва и Карио. Интернационалната работилница со која ќе раководи театарската режисерка Sandrine Fourlon од Париз од театарот ЕСКАЛИЕР 4 и филмскиот режисер Fabien Hemar, ќе работат со пет актерски парови. Игор Георгиев, Валдета Исмаили, Александра Михајловска, Асдрен Селими, Неат Али,

Само 10 дена по наградата во Белград, "Мал Дисконтинуитет во Времепросторот" на Гоце Цветановски повторно доби награда за најдобар регионален краток филм на 12тиот фестивал Филмски Фронт во Нови Сад. Приказната за фотографот кој има невидлив посетител во станот ја воодушеви српската публика и жирито, а глумечкиот тандем Висар Вишка-Драгана Левенска беше спореден со легендарните Марчело Мастројани и Софија Лорен. Филмот викендов учествуваше и на Меѓународниот Филмски Фестивал во Хоф, Германија, а

Универзитетот за аудиовизуелни уметности се приклучи кон одбележувањето на 70 годишнината од печатењето на првиот број на весникот "Нова Македонија".По тој повод екипа составена од студенти на нашиот Универзитет реализираше документарен филм кој што премиерно ќе биде прикажан на 27 Октомври 2014 (понеделник), со почеток во 18.00 чассот, во кино салата на Кинотека на Македонија.

Краткиот игран филм "Мал Дисконтинуитет во Времепросторот" на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата Коскар за најдобар регионален филм на 9тото издание на Српскиот Фестивал за Фантастични Филмови во Белград, Србија.Според изјавата на жирито, наградата била доделена едногласно, а беше врачена од  специјалниот гостин на фестивалот, легендарниот холивудски продуцент и режисер Мик Герис, кој е познат како режисер на култните хорор филмови "Sleepwalkers" по сценарио на Стивен Кинг, "Мува 2", "Критерс 2",

На 19 септември 2014, на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, се одржа церемонијата по повод првиот академски час. Во рамките на церемонијата покрај Ректорот на Универзитетот, Јордан Плевнеш, се обратија и Амбасадорките на Франција и Холандија, Лоранс Оер и Мариет Шруман. На дипломираните студенти им беа поделени дипломите, а новите студенти ги добија своите индекси. Индекси им беа дадени и на двајцата заеднички стипендисти на нашиот Универзитет и на Ракометниот клуб Металург, Маријан Јаневски (отсек камера) и Марко

На 19 Септември (петок) со почеток во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје ќе се одржи испитната претстава од 5ти семестар по театарска режија на студентот Дамјан Читкушев во класата на професорот Дејан Пројковски и асистентот Андреј Цветановски. Во претставата играат актерите: Стефан Вујисиќ, Благица Димитровска, Дритон Вејсели, Александра Михајловска, Бобан Алексоски, Елизабета Стефановска, Теоман Максут и Горан Ников. Кореографијата е на студентот по Современ танц Валентин Апостоловски, а фотографијата и плакатот се дело на студентката

Првиот академски час на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Театарска и Танцова Академија, ќе се одржи на 19 Септември 2014 со почеток во 11 часот, во Кино салата на Кинотека на Македонија. На церемонијата ќе присуствуваат претставници на Министерството за образование и наука, Дипломатскиот Кор, видни професионалци од областа на аудиовизуелните уметности, а специјален гостин ќе биде сликарот со светско реноме Омер Калеши, чија што монографија објавена на македонски и на албански јазик ќе биде свечено промовира.Во рамките

Во периодот од 07 до 13 Септември 2014, група студенти и професори на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, ќе учествува во европскиот академски проект насловен “Европа мојот идентитет”, во кој покрај македонските студенти учествуваат и студенти од француската ЕСРА и Универзитетот за уметности Фолкванг од Германија. Овој проект се реализира во три фази, од кои првите две се одвиваа во Македонија и Германија, во Франција ќе се одвива финалниот дел во рамките на кој што ќе се

Врз основа на член 57, член 108 и член 110 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ број 35/2008), Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк објавуваК О Н К У Р Сза запишување студенти во прва година на прв и втор циклус студии во учебната 2014/2015 година1. Број на студенти На факултетите (единиците) на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк во