Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Испитна претстава по театарска режија на Дамјан Читкушев

Picture

На 19 Септември (петок) со почеток во 20:00 часот, во Драмскиот театар во Скопје ќе се одржи испитната претстава од 5ти семестар по театарска режија на студентот Дамјан Читкушев во класата на професорот Дејан Пројковски и асистентот Андреј Цветановски.
Во претставата играат актерите: Стефан Вујисиќ, Благица Димитровска, Дритон Вејсели, Александра Михајловска, Бобан Алексоски, Елизабета Стефановска, Теоман Максут и Горан Ников.
Кореографијата е на студентот по Современ танц Валентин Апостоловски, а фотографијата и плакатот се дело на студентката по фотографија Тамара Дамчевска.
FB EVENT.