Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

Image Alt

Услови за студирање

Услови за студирање

Универзитетот организира специјалистички студии во траење од една година, односно 60 ЕКСТ, со што студентот ќе се стекне со 240 кредити и звање (дефинирано во Diploma Supplement) – специјалист.

Студентите со 240 ЕКСТ имаат право да се запишат на магистерски студии (мастер студии) од втор циклус, со што ќе стекнат со  дополнителни 60 кредити, и со звање (дефинирано во Diploma Supplement) – MA (Master of Arts).

Универзитетот има во план акредитирање и на студии од трет циклус, кои носат додатни 180 кредити, што придодадено на кредитоте од прв и втор циклус (заедно 300 ЕКТС) формира збир од 480 кредити што одговара на звање доктор (дефинирано во Diploma Supplement) – Ph.D. (Doctor of Philosophy).

ШКОЛАРИНА

Целосни студии во Македонја. Висината на годишната школарина, за секој запишан студент, изнесува изнесува од 2000 до 2500 евра во денарска противвредност, за секоја од трите години студии во Скопје.

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ

Цената на сите смерови на постдипломските студии изнесува 800 eur семестар, плус 400 eur за одбрана на магистерски труд

НАЧИН НА УПЛАТА
  • еднократно, со што се стекнува право на 10% попуст
  • на две рати, без камата
  • на четири, шест и дванаесет рати со студентски кредит преку банка

Во школарината не се вклучени и трошоците за редовната заверка на семестрите, полагање на испити во редовните сесии, издавање на уверенија за статус на редовен студент, издавање на уверенија за положени испити, уверение за стекнато високо образование и диплома. Во школарината се вклучени материлите потребни за настава, а не се вклучени материјалите за индивидуалните вежби.

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА УПИС НА УНИВЕРЗИТЕТОТ
Пријавување

Студентите кои се одлучиле да конкурираат на Универзитетот за аудиовизуелни уметности имаат можност да се пријават согласно условите за запишување објавени во конкурсот.

Приемен испит

Приемниот испит не е од елиминационен карактер. Секој студент треба да дојде на примниот испит, каде ќе се врши проценка на афинитетот и степенот на познавање на материјата, за соодветната катедра, од страна на кандидатот. По запишуваето на овој Универзитет, со секој студент се работи поединечно, со цел постигнување темелни знаења, и висок степен на професионализам. Приемните испити се одвиваат во два рока: 25-30 јуни и од 05-10 септември.

Запишување и стекнување статус редовен студент.

Студентот се запишува на Универзитетот и се стекнува со статус на редовен студент откако ќе го помине приемниот испит, ќе ја уплати првата рата и ќе ги поднесе следниве документи:

  • Пријава за приемен испит,
  • Сведителства од средно образование,
  • Диплома за положен завршен испит,
  • Извод од матична книга на родени,
  • Биографија,
  • Државјанство,
  • Фотограгија за на индекс,
  • Фотографија за студентско досие.
  • Потпишување на Договор за студирање. Секој студент потпишува договор за студирање во кој се прецизираат условите за студирање, висината на школарината и правата и обврските на студентот и на Универзитетот.
  • Финансиски гарант (Студентот самиот го потпишува Договорот, но за тоа е неопходна изјава од финансиски гарант родител, старател, спон зор, итн.
  • Потпишување на Анекс кон договорот. Во Анексот кон Договорот се прецизира динамиката на плаќање, која секој студент ја одбира на почетокот на студиската година.
ПРАВИЛА И ПРОЦЕДУРИ ЗА ТЕКОТ НА СТУДИИТЕ
Запишување на семестар

Секој студент мора да го запише семестарот во рок кој го задава Универзитетот. При запишувањето на семестарот студентот ги внесува задолжителните и изборни предмети, кои мора да ги положи.

Услов

Услов за запишување на секој следен семестар е положување на сите задолжителни предмети. Изборните предмети има право да ги полага во три сесии.

Заверка на семестар

Студентот, откако ќе ги ислуша неопходниот број на предмети задолжителни и изборни, се стекнува со право на заверка на семестарот. Секој завршен семестар мора да се завери.

Запишување на семестар

Секој студент мора да фати услов за запишување на секој следен семестар. Бројот на положени испити за услов е пет.

Пријавување на испити

Секој студент е должен во објавениот рок да пријави испити. Секоја пријава мора да биде точно и јасно пополнета, во спротивно нема да биде земена во предвид.

Сесии

По завршувањето на секој семестар следи сесија со два рока за полагање. Секој септември помеѓу 1-15ти е последната поправна сесија во која студентот мора да ги има положено сите испити. Во првата сесија студентот мора да положи пет предмети, пред се задолжителните, а преостанатите предмети ќе мора да ги положи во следните две сесии.

Колоквиуми и испити

Секој студент има можност, дел од предметите да ги полага низ колоквиуми, при што за да се стекне со оценка треба да ги положи сите колоквиуми во континуитет.

Начин на оценување

Согласно Болоњскиот систем, секој студент се следи и оценува во текот на целиот семестар. Од можните 100% од оценката, 49% отпаѓаат на редовност, активност и проектни активности, а 51% на оцената од заврпниот испит, односно од колоквуимите.

Статус мирување

Секој студент има право да ги стави студиите во мирување доколку од здравствени, финансиски или други причини не е во можност да го продолжи. Условите за статус на студии во мирување се прецизирани во Договорот за студирање.

Треба сосем малку за сонот да стане утро.

Аплицирај!