Катедрата по фотографија има за цел да ги едуцира студентите да бидат технички квалификувани, визуелно описменети и креативно подготвени за свет каде што фотографијата ги пренесува нашите секојдневни искуства.
За првпат во Макединија и за првпат во поголем број на земјите од Југоисточна Европа, на нашиот Универзитет започна да се изучува една од најбараните професии во светот.
Одделот за филм и дигитални медиуми од 2018 година e официјална насока на Универзитетот. Опфаќа широк спектар на субјекти кои се занимаваат со современото и постојано менување на светот на дигиталните медиуми и техники.