Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Новости

Париз некогаш и сегаФилм што пред моите очи се претвори во реалностКонстантин Плевнеш Сѐ почна во 1988. Имав 5 години кога првпат ја видов париската есен, неколку дена пред мојот влез во основното училиште L'Arbalète како прваче, во срцето на Латинскиот кварт покриен од златниот мантил на паднатите лисја, на неколку чекори од улицата Mouffetard, која некогаш била река. Сѐ беше како во сон. Сигурно затоа не ми пречеше фактот дека живеевме во еднособни станови, во

Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш, како специјален гостин на форумот „Предизвици и можности за балканското лидерство денес“, организиран од страна на Претседателот на Република Македонија, Г-динот Ѓорге Иванов, учествуваше со својата беседа "Иднината на аудиовизуелната револуција во интеграцијата на Балканот во Европа". Неговиот настап, заедно со Амбасадорката на Франција во Македонија, Г-ѓата Лоранс Оер и Професорот од Колумбија Универзитетот од САД, Г-динот Горазд Росоклија, предизвика голем интерес помеѓу младите

Еднонеделната работилница на парискиот театар Escalier 4 на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, успешно беше крунисана со претставата “Последниот маж, последната жена”, од Јордан Плевнеш, која беше прикажана на малата сцена на Драмскиот театар во реализација на театарската режисерка Сандрин Фурлон и филмскиот режисер Фабиен Емар, со учество на француските актери Мадлен Богар и Силвен Паолини. Во реализацијата учествуваа поголем број на студенти од нашиот Универзитет, од класите на професорите Рубенс Муратовски и Дејан Пројковси, како и гости

Во периодот од 11 до 17 Ноември 2014 во Каен (Франција) се одржа втората работилница од проектот "Помирувањето и визијата за заедничката иднина на Балканот и Европа. Европа овде - Европа таму (1914-2014)". На работилницата учествуваа студентите од катедрата по фотографија: Стефан Дамјаноски, Ристо Арнаудов, Зоран Шекеров и Арди Борова предводени од професорот Роберт Јанкулоски и Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш. За време на престојот беа посетени повеќе локации и музеи

На Универзитетот за аудиовизуелни уметности, во периодот од 17ти до 23ти Ноември ќе одржи интернационална работилница, посветена на пиесата “Последниот маж, последната жена” од Јордан Плевеш.  Како што е познато оваа пиеса доживеа свои праизведби во Скопје, Париз, Москва и Карио. Интернационалната работилница со која ќе раководи театарската режисерка Sandrine Fourlon од Париз од театарот ЕСКАЛИЕР 4 и филмскиот режисер Fabien Hemar, ќе работат со пет актерски парови. Игор Георгиев, Валдета Исмаили, Александра Михајловска, Асдрен Селими, Неат Али,

Само 10 дена по наградата во Белград, "Мал Дисконтинуитет во Времепросторот" на Гоце Цветановски повторно доби награда за најдобар регионален краток филм на 12тиот фестивал Филмски Фронт во Нови Сад. Приказната за фотографот кој има невидлив посетител во станот ја воодушеви српската публика и жирито, а глумечкиот тандем Висар Вишка-Драгана Левенска беше спореден со легендарните Марчело Мастројани и Софија Лорен. Филмот викендов учествуваше и на Меѓународниот Филмски Фестивал во Хоф, Германија, а

Универзитетот за аудиовизуелни уметности се приклучи кон одбележувањето на 70 годишнината од печатењето на првиот број на весникот "Нова Македонија".По тој повод екипа составена од студенти на нашиот Универзитет реализираше документарен филм кој што премиерно ќе биде прикажан на 27 Октомври 2014 (понеделник), со почеток во 18.00 чассот, во кино салата на Кинотека на Македонија.

Краткиот игран филм "Мал Дисконтинуитет во Времепросторот" на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата Коскар за најдобар регионален филм на 9тото издание на Српскиот Фестивал за Фантастични Филмови во Белград, Србија.Според изјавата на жирито, наградата била доделена едногласно, а беше врачена од  специјалниот гостин на фестивалот, легендарниот холивудски продуцент и режисер Мик Герис, кој е познат како режисер на култните хорор филмови "Sleepwalkers" по сценарио на Стивен Кинг, "Мува 2", "Критерс 2",

На 19 септември 2014, на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, се одржа церемонијата по повод првиот академски час. Во рамките на церемонијата покрај Ректорот на Универзитетот, Јордан Плевнеш, се обратија и Амбасадорките на Франција и Холандија, Лоранс Оер и Мариет Шруман. На дипломираните студенти им беа поделени дипломите, а новите студенти ги добија своите индекси. Индекси им беа дадени и на двајцата заеднички стипендисти на нашиот Универзитет и на Ракометниот клуб Металург, Маријан Јаневски (отсек камера) и Марко