Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Мето Јовановски Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни и ментор на новата класа актери 

Picture

Мето Јовановски, легендарното име на македонскиот театар и филм, со неговиот уметнички опус, големиот број на национални и интернационални признанија, кои го издигнуваат на врвот на македонската култура, беше повод Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности да го прогласи со највисокото Универзитетско звање – Doctor Honoris Causa, со што се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран и други. 
Церемонијата на неговото прогласување ќе се одржи на првиот академски час, на 15 Септември 2015, со почеток во 11 часот, на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, со беседата на Ректорот Јордан Плевнеш и со филмски портрет за на неговата уметничка Одисеја.
Во исто време, ќе биде промовирана новата класа по Актерска игра, која што ќе ја води токму Мето Јовановски, кој што ќе го пренесе своето искуство и знаење на идните генерации македонски театарски и филмски актери.
Воедно сите заинтересирани кандидати за катедрата по Актерска игра ги информираме дека примениот испит ќе се одржи на 2 и 3 септември, со почеток во 11.00 часот, во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности.