Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

август 2015

Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Г-динот Јордан Плевнеш на Граѓанскиот форум на Самитот на Западен Балкан во Виена го презентираше проектот “Аудиовизуелните мостови на Југоисточна Европа” преку искуствата на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз (SEE a Paris) и Берлин(SOE in Berlin). Покрај тоа беше презентиран и двегодишниот научно истражувачки проект SEE IP ART TV, во кој се вклучени поголем број на професори од Универзитетот за аудиовизуелни уметности и експерти од Европа и  Балканот .SEE IP ART TV

Мето Јовановски, легендарното име на македонскиот театар и филм, со неговиот уметнички опус, големиот број на национални и интернационални признанија, кои го издигнуваат на врвот на македонската култура, беше повод Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности да го прогласи со највисокото Универзитетско звање – Doctor Honoris Causa, со што се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран и

„Љубовта и единството не се теми на денешниот глобален свет. Единство нема ниту во Европа и Америка, ниту на Истокот, ниту на Балканот, ниту на архипелазите“. Ова беше воведната реплика на актерот Ѓорѓи Јолевски во претставата „Кирил и Методиј: who are you?“ која ја доживеа својата праизведба на 14 Август 2015 на летната сцена „Долни Сарај“ во рамки на годинешното издание на Охридско лето.  Актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во копродукција со „Сфумато“ театарот од Софија и „НЕТА“ од