Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Извонредна актерска игра на праизведбата на претставата „Кирил и Методиј: who are you?“

Извонредна актерска игра на праизведбата на претставата „Кирил и Методиј: who are you?“

Picture

„Љубовта и единството не се теми на денешниот глобален свет. Единство нема ниту во Европа и Америка, ниту на Истокот, ниту на Балканот, ниту на архипелазите“. Ова беше воведната реплика на актерот Ѓорѓи Јолевски во претставата „Кирил и Методиј: who are you?“ која ја доживеа својата праизведба на 14 Август 2015 на летната сцена „Долни Сарај“ во рамки на годинешното издание на Охридско лето.  
Актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во копродукција со „Сфумато“ театарот од Софија и „НЕТА“ од Љубљана, покажаа извонредна актерска игра која предизвика големи импресии кај публиката.

Јордан Плевнеш кој е авторот на драмскиот текст, рече дека има голема симболика што во тоа што оваа претстава за прв пат се изведува токму во Охрид.

  • Одисејата на оваа претстава започна токму вечерва во Охрид со тоа што тој го потврдува епитетот културен центар на цивилизациите и духовната историја. Претставата продолжува на фестивалот „Експонто“ во Букурешт и поголем број други европски метрополи за да во овој загрозен свет покаже дека надежта не е загубена и дека според Кирил и Методиј цивилизацијата на љубовта повторно е можна, истакна Плевнеш.


Режисерот на претставата, Мартин Кочовски вели дека основната порака на претставата е дека треба да и дадеме малку повеќе простор на духовноста.

  • Колку сме побогати во духот, толку сме поблиску до Бога и мораме да работиме токму на нашата духовност, а не само да бидеме преокупирани со материјализмот, егзистенцијалните потреби и заслепени со парите. Сметам дека мора да се најде друг општествен систем во светски рамки, наместо капитализам, кој повеќе ќе ги вреднува духовните вредности, а не дотолку да ја истакнува важноста на парите до степен на опсесија, рече Кочовски.

Инаку претставата „Кирил и Методиј: who are you?“ е современа претстава со рефлексија на историска тема во која кризата во денешниот современ свет, дехуманизацијата, гладта за љубов, превласта на парите и импреријализмот умешно се поврзуваат со филозофијата на браќата Кирил и Методиј за обединување и љубов меѓу сите нации.

Превземено од www.ohridnews.com