Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Новости

Мето Јовановски, легендарното име на македонскиот театар и филм, со неговиот уметнички опус, големиот број на национални и интернационални признанија, кои го издигнуваат на врвот на македонската култура, беше повод Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности да го прогласи со највисокото Универзитетско звање – Doctor Honoris Causa, со што се вброи во плејадата на големите имиња како што се Јиржи Менцел, Шарл Азнавур, Маноел Де Оливеира, Жан Клод Кариер, Мики Манојловиќ, Александар Морфов, Абдулах Сидран и

„Љубовта и единството не се теми на денешниот глобален свет. Единство нема ниту во Европа и Америка, ниту на Истокот, ниту на Балканот, ниту на архипелазите“. Ова беше воведната реплика на актерот Ѓорѓи Јолевски во претставата „Кирил и Методиј: who are you?“ која ја доживеа својата праизведба на 14 Август 2015 на летната сцена „Долни Сарај“ во рамки на годинешното издание на Охридско лето.  Актерите од прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ во копродукција со „Сфумато“ театарот од Софија и „НЕТА“ од

Второто издание на Интернационалниот фестивал „Нови тврџава театар“ се одржува од 1 до 8 јули во „Вила Станковиќ“ во Чортановци, Нови Сад. Фестивалот беше отворен синоќа со претставата на Драмски театар „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“ од Јордан Плевнеш, а во режија на Владо Цветановски. Како што е познато оваа претстава беше естетичкиот тестамент на прерано починатиот македонски театарски и филмски режисер Владо Цветановски и негова исклучителна визја за Балканот како цивилизациско поле.„Архелаос

На 25 Јуни 2015 се одржа манифестација “Музиката на Владигеров меѓу Балканот и Бескрајот”, во рамките на која за почесен професор на нашиот Универзитет беше прогласен Панчо Владигеров (1953), професор по пијано од Берлин и внук на легендата на балканската музика Панчо Владигеров (1899-1978). На настанот присуствуваа Амбасадорката на Германија во Македонија, Г-ѓата Кристине Д. Алтхаузер, Амбасадорот на Бугарија во Македонја, Г-динот Иван Петков и Амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот бариотн Борис Трајанов.Пред тоа, со почеток од

Универзитетот за аудиовизуелни уметности има чест да Ве покани на уметничката манифестација “Музиката на Владигеров меѓу Балканот и Бескрајот”, која ќе се одржи 25 Јуни 2015 (четврток), со почеток во 13.30 часот, во Кинотеката на Македонија.Прогласување на Панчо Владигеров (1953), професор по пијано од Берлин и внук на легендата на балканската музика Панчо Владигеров (1899-1978), за почесен професор на Факултетот за применета музика при Универзитетот за аудиовизуелни уметности. Пред тоа, со почеток од 13.00 часот ќе биде

Со филмот „Борците“ на Тома Каје од 2014, добитник на две награди „Цезар“, утревечер во кино „Милениум“ ќе биде отворен 8. Фестивал на францускиот филм кој ќе се одржува до 20 јуни во Скопје и Охрид.Ќе бидат прикажани најнови филмови снимени минатата и оваа година, а покрај проекции ќе има и средби и разговори со ексклузивните гости, работилници, музичка вечер на францускиот оркестар F.A.M.E.'S. со седиште во Скопје

Учествувајте и освојте престој во Франција!Францускиот институт во Скопје, асоцијацијата „Метаморфозис“ и регионот Долна Нормандија Ве покануваат да земете учество на Работилницата / Натпреварот "Моето прво мини-видео", кој се организира во рамките на 8-то издание на Фестивалот на француски филм fff.mk.Сите информации се достапни на: http://www.ifs.mk/mk/Home/CultureContent/1318, а за повеќе информации може да се обратите на маил адресата: olgica.krstevska@ifs.mk.

Денес (2 Април 2015) во својот роден град Порто, Португалија, на 106 годишна возраст, почина доајенот на европската и светската кинематографија Маноел Де Оливеира. Неговиот прв игран филм се појави во далечната 1931 година, по што до денешен ден Оливеира оствари еден импресивен опус од 58 играни и голем број на документарни филмови. Добитник е на најголеми признанија од областа на филмот, помеѓу кои можат да се издвојат Златниот Лав за животно дело на Фестивалот во Венеција, како и

На последната седница на Наставно-научниот совет на Универзитетот за аудиовизуелни уметности - Европска Филмска, Театарска и Танцова Академија, професорот Миле Петковски е избран за Проректор за настава. Како што е познато Универзитетот за аудиовизуелни уметности, со своите три факултети и два институти, веќе е дел на европскиот систем на високо-образовни институции од овој тип, поврзан со перманентни договори со ЕСРА Париз, Фолкфанг од Есен, Германија и Танцовата Академија од Ротердам, а неодамна Универзитетот склучи договори за соработка