Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Докторат за македонските медиуми на Сорбона

Picture

Во свечената сала за докторски дисертации на Институтот Пантеон – АСАС кој е дел на Париската Сорбона, на 08 Декември 2015 година, скопјанката Ангелина Ајаноска со највисока оценка ја одбрани докторската дисертација “Македонскиот медиумски пејзаж”, плод на нејзината шест годишна интензивна научно-истражувачка дејност.
Во тезата се опфатени првите македонски весници во преродбата од почетокот на XIX век, печатени во различни балкански центри, како и весниците на македонската интелигенција во светските центри во Париз, Санкт Петерсбург, Женева и Лондон, со посебен акцент во периодот меѓу двете светски војни. Тезата продолжува со круната на асномска Македонија и првиот број на Нова Македонија во 1944 година и понатаму,  од 1991 година по осамостојувањето на Македонија, првиот дневен весник “Република”, како и сите македонски медиуми кои излегуваат на сите јазици во Мaкедонија, правејќи една европска лабораторија на културната и информатичката коегзистенција.
Ментор на нејзината теза е професор Фабрис Далмеида, автор на научните бестселери за медиумите како: “Сликите на пропагандата”, “Манипулација”, “Историја на медиумите во Франција” и други. Претседател на комисијата е Валери Древилар, а посебно признание кон високо образовниот систем на Република Македонија е тоа што како член на комисијата и главен автор на академскиот извештај учевствуваше и Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Јордан Плевнеш.
Комисијата во својата оценка го предложи докторатот за објавување кај европските и македонските издавачи, за да се запознаат со идентитетот на македонскиот народ, за кој доајенот на француската поезија и журнализам Пјер Беарн рече: “На Македонија и нејзиниот народ најпосле родени од Европа”.