Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Гостување на францускиот театар Ефемерид во Македонија

Picture

Во организација на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Драмскиот театар и Народниот театар од Битола, Македонија ќе биде дел од европската турнеја на театарот Ефемерид кој токму кај нас ќе ја има праизведбата на драмата “Исповед на една мазохистка”, чиј автор е едно од најголемите имиња на чешката драматургија Роман Сикора. Драмата “Исповед на една мазохистка” е една потресна симболичка и социјална слика на апсурдот во пост-комунистичката епоха на Европа и претставува сјајна драматуршка иновација која ќе је плени македонската публика.
Претставата ќе биде изведена на 21 Октомври 2015 на Малата сцена на Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 20.00 часот, а на 24 Октомври, со почеток во 20.00 часот, претставата ќе има и своја изведба во Народниот театар во Битола.
Во претставата настапуваат актерките Јана Клејн и Наташа Машкевич, а режисер на претставата е Патрик Вершурен од Франција, чија што длабока поврзаност со Македонија и балканските драматургии трае речиси две децении. Своевремено во Драмскиот театар во Скопје тој ја постави драмата “Европа” од Ромен Гари и Рене Калиски и добитник е на високото француско признание Шарл Дулен за Балканската трилогија – “Гробница за Борис Давидовиќ” од Данило Киш, “Казна за Малвина” од Мирко Ковач и “Среќата е нова идеја во Европа” од Јордан Плевнеш, која беше играна во 120 театри низ цела Франција.
За време на престојот, режисерот Вершурен на 22 Октомври ќе одржи работилница на Универзитетот за аудиовизуелни уметности со студентите од класата по актерска игра на професорот Мето Јовановски, кои што кон средината на следната година ќе гостуваат на Универзитетот во Арас, Франција.