Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА МАКЕДОНСКAТА КИНЕМАТОГРАФИЈА

Picture

ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА ВО РАМКИТЕ НА ФЕСТИВАЛОТ БРАЌА МАНАКИ НА ТЕМА „ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА МАКЕДОНСКAТА КИНЕМАТОГРАФИЈА“: ЕСТЕТСКИ И АФИРМАТИВНИ РЕФЛЕКСИИ НА ФИЛМСКАТА ПРОДУКЦИЈА ВО ЧЕТВРТ ВЕК 
22 септември, 13.30 часот, Мала сала, Центар за култура Битола 

Автор на истражувањето е Ана Василевска, магистрант на Катедрата за филмска и тв-режија на Универзитетот за аудиовизуелна уметност-ЕСРА, во соработка со Институтот за аудиовизуелни уметности при истоимениот универзитет. 

Еволуцијата на македонскиот долгометражен игран филм во периодот од осамостојувањето на државата до денес, процесот на нови креативни и продукциски визии се теми на повеќегодишно истражување сублимирано во еден сѐ уште отворен текст што се подготвува да биде публикуван идната година, кога и официјално земјата ќе бележи две и пол децении постоење.
Како и сите пори на општественото живеење и филмот се најде затекнат од транзицијата и новата политичка клима, па, до денес авторите и нивните дела пребаруваат форми за успешно функционирање. Секако, се испиша една нова филмска историја која без сомнеж е автентична во глобални рамки. На патот до заземање на значајно место во европската кинематографија, македонската кинематографија наидува на замки кои треба да се детектираат и отстранат, а успешните модели да се истакнат и афирмираат.
Целта на оваа панел-сесија е да се изложат дел од заклучоците од ова истражување; секое мислење и дискусија ќе биде скапоцено за дооформување на овој текст што ќе биде корисен за сите поклоници на македонската седма уметност, и ќе остане како значајна биографија на филмот во чувствителен и интигрантен историски период. Во подготовка е и документарен филм што ќе го следи концептот на овој текст.