Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Новости

Повик за учество на Skopje Creative HUB. Настанот ќе се одржи од 29 Август до 7 Септември 2014 во Младинскиот Културен Центар и на локации низ градот Скопје. Пријавувањето трае до 15 Август 2014. Повеќе информации во продолжение:CALL FOR PARTICIPANTS PDFCOLLABORATORSUrban Think Tank – Zurich; ProstoRož – Ljubljana; Smarter Than Car – Vienna; Studio Tom Emmerson – London, Zurich; SCAPES: LAB – Novi Sad; KAF - Kosovo Architecture Foundation – Pristina; Tiiiit! Inc. – Skopje; NaTochak – Skopje; ESRA

Четвртата Регионална Конференција на УНЕСКО “Мостовите на Балканот зборуваат”, по веќе одржаните во Едрене - Турција, Ловеч - Бугарија и Берат - Албанија, овие денови, од 17 до 22 јули 2014, се одржува во Цетиње и Ријека Црнојевиќа во Црна Гора. На конференцијата присуствуваат голем број на млади синеасти и уметници од земјите на Југо-Источна Европа и истата се одржува под мотото “Запознај го соседот”. Сите содржини се реализираат во соработка со фестивалот SEE a Paris. При тоа како

Краткиот игран филм "Мал дисконтинуитет во времепросторот", на професорот на Универзитетот за аудиовиузелни уметности ЕСРА Гоце Цветановски, е селектиран на Гросман филм и вино фестивалот во Словенија, каде што ќе се натпреварува за престижната награда Сребрен Мелиес. Фестивалот се оддржува од 15 до 19 јули во Љутомер, Словенија, а во официјалната селекција ќе се натпреваруваат 20 кратки филма од цела Европа. Сребрениот Мелиес го доделува жири од Европската Федерација на Фестивали на

Раде Шербеџија добитник на наградата “Актер на Европа 2014” Во периодот од 06 до 11 Јули 2014, во Ресен, Преспа, по дванаесетти пат ќе се одржи Интернационалниот театарски фестивал “Актерот на Европа”. Фестивалот “Актерот на Европа” беше покренат во 2003 година, од страна на неколку балкански и европски театарски сонувачи, во духот на мислата на Жан Моне “Да се гради Европа значи да се гради мир”. По прогласувањето од страна на Европскиот Парламент на митското Преспанско

Центарот Илумине, Кинотека на Македонија, Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности-ЕСРА, Дом за деца без родители - 11 Октомври и домот 25 Мај - Скопје, MЕТА4 и BNDEnterprise со огромно задоволство од 30 Јуни до 5 Јули, во кино салата на Кинотека на Македонија, Ве покануваат на: Недела на Војна на ѕвездите - "STAR WARS WEEK"Следуваат изненадувања за навремено регистрираните!!! Регистрацијата со агендата е бесплатна на:https://www.eventbrite.com/e/star-wars-week-tickets-12087824007 The movies were released in this order: 1977: Episode IV:

ФЕСТИВАЛ НА СЦЕНАРИОТО И СЦЕНАРИСТИТЕ На 25 и 26 јуни, во Скопје ќе се одржи Меѓународниот фестивал на филмски сценарија “Скрипт фест 2014“. Фестивалот ќе се одржува во Културниот центар “Феникс“, а ќе започне во 10 часот. Фестивалот “Скрипт фест“ го организира Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија Презент“ од Скопје. Овој традиционален фестивал годинава се одржува трет пат, а ќе го отвори проф.д-р Александар Прокопиев од

Биди и ти дел од тимот на Металург Ракометниот Клуб Металург, во соработка со Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности, Есра Париз-Скопје-Њујорк, доделува по една целосна стипендија за студирање на катедрите Филмска и Тв Камера и Филмска и ТВ Монтажа. Добитниците на двете стипендии ќе ја имаат привилегијата да ги снимаат сите натпревари на Металург во Македонија, да соработуваат и да се дружат со тимот. Кандидатите и кандидатките е пожелно да имаат претходно искуство со камера

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, во рамките на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, во текот на оваа недела ќе ја започне реализацијата на тригодишниот проект "Помирувањето и визијата за заедничката иднина на Балканот и Европа. Европа овде - Европа таму (1914-2014)”. Проектот, кој ќе се одвива во периодот од 2014 до 2017, е инициран и координиран од страна на Константин Плевнеш и Илина Мангова. Проектот се занимава со колективното сеќавање и помирување преку аудиовизуелните

Оценувачката комисија на 49. МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп, во состав Васе Манчев претседател и членовите Братислав Димитров и Мустафа Јашар, одлучи дека претставата на Македонскиот народен театар „Вечната куќа“, работена на текст на Јордан Плевнеш а во режија на Дејан Пројковски, е апсолутен победник на годинешното издание на Македонскиот театарски фестивал кој денес завршува во Прилеп. Покрај наградата за уметничко остварување во целина, претставата „Вечната куќа“ се закити со уште 9 други награди: Награди

По шесте успешни изданија, со задоволство ви го најавуваме овогодишното седмото издание на Фестивалот на француски филм во Македонија, кое ветува богата понуда со филмови и реномирани синеасти!Седмото издание на Фестивалот на францускиот филм во Македонија ќе се одржи во периодот од 18 до 22 ЈУНИ 2014. Свеченото отворање е закажано за, среда 18 јуни 2014, со почеток во 20 часот, во киното „Милениум“.Целосната програма може да ја погледнте на следниот ЛИНК.