Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Скрипт фест 2014

Picture

ФЕСТИВАЛ НА СЦЕНАРИОТО И СЦЕНАРИСТИТЕ
На 25 и 26 јуни, во Скопје ќе се одржи Меѓународниот фестивал на филмски сценарија “Скрипт фест 2014“. Фестивалот ќе се одржува во Културниот центар “Феникс“, а ќе започне во 10 часот. Фестивалот “Скрипт фест“ го организира Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација “Македонија Презент“ од Скопје.
Овој традиционален фестивал годинава се одржува трет пат, а ќе го отвори проф.д-р Александар Прокопиев од Институтот за македонска литература – Скопје.
Во рамките на фестивалот, ќе бидат врачени и наградите на годинашните добитници:  “Скрипт феникс“ на м-р Константин Плевнеш од Универзитетот за аудиовизуелни уметнсти ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк за истражување, развој и значајни остварувања во филмската култура; “Скрипт презент“ – на Сунчица Уневска од “Утрински весник“ за долгогодишен придонес во филмската уметност во обласата на критиката; “Скрипт фест“ – на авторот Кузман Клековски за неговиот постојан ангажман и придонес на планот на филмот.
Специјално признание – наградата “Скрипт мост“ ќе му биде доделена на Раде Шербеџија за врвни и осведочени филмски остварувања и вредности.
По врачувањето на наградите, м-р Ана Опачиќ од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк ќе одржи работилница на тема “Сценарио за филм“, додека следниот ден за темата “Филмското сценарио денес – помеѓу желбите и реалностите“, ќе говори Проф. д-р Христо Петрески.
На фестивалот Скрипт фест ќе бидат прикажани повеќе краткометражни и документарни филмови, а ќе биде организирана и промоција на филмски изданија од Нишкиот културен центар и издавачките куќи “Феникс“ и “Маска“ од Скопје.

Жири-комисијата во состав Вон. проф. Д-р Христо Петрески (претседател), Срѓан Савиќ и Зоран Пејковски (членови), донесе ОДЛУКА годинашни добитници на наградите на Фестивалот “СКРИПТ ФЕСТ 2014” да бидат:

  • Специјалното признание – наградата “Скрипт Мост” да му биде доделена на Раде Шербеџија за врвни и осведочени филмски остварувања и вредности. Оваа награда на Шербеџија му се доделува за неговото импозантно актерско дело, а во пресрет на започнувањето со снимање на филмот “Ослободувањето на Скопје” во негова режија во Република Македонија.
  • Наградата “Скрипт Феникс” да му се додели на м-р Константин Плевнеш од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк за истражување, развој и значајни остварувања во филмската култура. Наградата му се доделува за храброто истражување на уметничкото поле на сценариото во животната и филмската реализација, со филмови кои биле учесници на различни меѓународни фестивали и прикажувани на македонски и европски телевизии. Тоа се три филма – уметнички портрети: “Милчин – прв чин” реализиран на ФДУ Скопје; “Питер Шуман чудотворецот на Леб и кукли во Њујорк” и “Последниот маж, последната жена, или Димитар Станковски во Каиро”. Потоа, два филма од жестоката социјална релност инспирирани од “Земјата без леб” на Луис Буњуел: “Планета Баир” и “Заборавените” – презентирани во студиската програма на познатата Академија ФАМУ во Прага, како и филмот кој влезе во официјалната конкуренција на Интернационалниот фестивал во Биариц – “Автобиографија на човекот гулаб”, каде филмскиот херој во осум минути ја раскажува потресната драма на деструкцијата на екс Југославија и неговата фамилија. Инаку, Константин Плевнеш е и коавтор на сценариото “Оркестар Титаник” заедно со големиот бугарски драматург Христо Бојчев.
  • Наградата  “Скрипт Презент”  се доделува на Сунчица Уневска, филмски критичар во “Утрински весник“ за долгогодишен придонес во филмската уметност во областа на критиката. Уневска е еден од најревносните, најагилните и најкомпетентните филмски проследувачи кај нас.  
  • Наградата “Скрипт Фест” му се доделува на авторот Кузман Клековски за неговиот postojan ангажман и придонес на планот на филмот. Посебно, за партиципацијата со неговата филмска уметност и љубов во воспитно-образовниот процес и постигнатите резултати на планот на документаристиката и едукацијата.

Врачувањето на наградите ќе биде на 25 јуни 2014 година, во Културниот центар “Феникс”, со почеток во 10 часот.