Институтот организира конференции, симпозиуми, дебати и културни манифестации, создавајќи простор за дијалог меѓу уметниците, научниците и културните институции.
Преку своите активности, институтот придонесува за афирмација на современите истражувачки практики на полето на аудиовизуелните уметности и дигиталната заштита, како и за развој на меѓународната културна соработка.