Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

БАЛКАНОТ МОСТ ЗА КУЛТУРНО ЗБЛИЖУВАЊЕ

Реномираниот фестивал SEE in Berlin се одржа од 10 до 13 јуни и домаќин беше еден од најстарите универзитети во Европа, „Хумболт“ во главниот град на Германија.

Актерот и музичар Раде Шербеџија со перформанс во организација на Институтот за аудиовизуелни уметности, при Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје, беше прогласен за актер на Југоисточна Европа за 2015 година. Одлуката за тоа во чии раце ќе отиде ова ценето признание ја донесоа врвни интелектуалци од културната елита на Европа, истакнати личности од областа на филмот во Германија и Франција, а член на комисијата беше и амбасадорот и писател Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности. Уметничката аудиовизуелна презентација на отворањето на Фестивалот подтврди дека Југоисточна Европа, а во тој контекст и Балканот, може многу да понуди и веќе нуди на полето на уметноста и меѓусебното разбирање преку културната соработка.