Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Star Wars Week

Star Wars Week

Picture

Центарот Илумине, Кинотека на Македонија, Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности-ЕСРА, Дом за деца без родители – 11 Октомври и домот 25 Мај – Скопје, MЕТА4 и BNDEnterprise со огромно задоволство од 30 Јуни до 5 Јули, во кино салата на Кинотека на Македонија, Ве покануваат на:
Недела на Војна на ѕвездите – “STAR WARS WEEK”

Следуваат изненадувања за навремено регистрираните!!! Регистрацијата со агендата е бесплатна на:
https://www.eventbrite.com/e/star-wars-week-tickets-12087824007

The movies were released in this order:

1977: Episode IV: A New Hope
1980: Episode V: The Empire Strikes Back
1983: Episode VI: Return Of The Jedi
This is called the OT or Original Trilogy.

1999: Episode I: The Phantom Menace
2002: Episode II: Attack Of The Clones
2005: Episode III: Revenge Of The Sith
This is called the prequel trilogy.

Бидете дел од неделата на Војна на ѕвездите – (“STAR WARS”). Гледајте ги сите изданија на филмот што ги освои гледачите од сите генерации, повикајте ги и вашите пријатели и сите оние страствени обожаватели на Војна на ѕвездите – (“STAR WARS”). Предвидени се и бесплатни работилници за 3D анимација во организација на Универзитетот за Аудиовизуелни уметности – ЕСРА на кои ќе можете да научите и да видите како беа направени и дизајнирани специјланите ефекти и анимации во ова големо филмско остварување.

Учеството е бесплатно за сите заинтересирани!

„Војна на ѕвездите“ е една епска сага во која дејството се одвива во далечна, далечна галаксија пред многу, многу години. Тематиката на човечноста во борбата помеѓу доброто и злото е присутна во моментално илезените шест филмови од овој серијал.

Секој филм раскажува посебна приказна, но сепак поврзана во огромниот универзум на оваа војна. Без да ви дадеме многу информации, ве покануваме да бидете дел од нашиот универзум кој почнува од 30ти јуни до 5ти Јули 2014 – “May the force be with you”.

Интересни информаци и можности за младите на штандовите на:
– Универзитетот за Аудиовизуелни Уметности-ЕСРА;
– Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово;
– ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство.
– Њу Менс Бизнис Акцелератор.