Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

“Мал дисконтинуитет во времепросторот” во трка за Сребрен Мелиес

Picture

Краткиот игран филм “Мал дисконтинуитет во времепросторот”, на професорот на Универзитетот за аудиовиузелни уметности ЕСРА Гоце Цветановски, е селектиран на Гросман филм и вино фестивалот во Словенија, каде што ќе се натпреварува за престижната награда Сребрен Мелиес. Фестивалот се оддржува од 15 до 19 јули во Љутомер, Словенија, а во официјалната селекција ќе се натпреваруваат 20 кратки филма од цела Европа. Сребрениот Мелиес го доделува жири од Европската Федерација на Фестивали на Фантастични Филмови (http://www.melies.org/), а победникот на фестивалот автоматски станува кандидат за Златен Мелиес – најдобар краток фантастичен филм во Европа.
http://www.grossmann.si/film-program/melies-d-argent/ Филмот е независна копродукција на неколку продуцентски фирми од Македонија, а главните улоги ги толкуваат Висар Вишка и Драгана Левенска.