Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

“Вечната куќа” апсолутен победник на МТФ Војдан Чернодрински

“Вечната куќа” апсолутен победник на МТФ Војдан Чернодрински

Picture

Оценувачката комисија на 49. МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп, во состав Васе Манчев претседател и членовите Братислав Димитров и Мустафа Јашар, одлучи дека претставата на Македонскиот народен театар „Вечната куќа“, работена на текст на Јордан Плевнеш а во режија на Дејан Пројковски, е апсолутен победник на годинешното издание на Македонскиот театарски фестивал кој денес завршува во Прилеп.
Покрај наградата за уметничко остварување во целина, претставата „Вечната куќа“ се закити со уште 9 други награди: Награди за најдобра главна машка и женска улога им беа доделени на актерите Тони Михајловски и Искра Ветерова, Дејан Пројковски за режија, Јордан Плевнеш за текст, Дарја Ризова за млада актерка, Валентин Светозарев за сценографија, Благој Мицевски за костими, Горан Трајковски за музика и Сташа Зуровац за кореографија и сценски движења.