Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

“Мал дисконтинуитет…” повторно со награда

Picture

Само 10 дена по наградата во Белград, “Мал Дисконтинуитет во Времепросторот” на Гоце Цветановски повторно доби награда за најдобар регионален краток филм на 12тиот фестивал Филмски Фронт во Нови Сад.
Приказната за фотографот кој има невидлив посетител во станот ја воодушеви српската публика и жирито, а глумечкиот тандем Висар Вишка-Драгана Левенска беше спореден со легендарните Марчело Мастројани и Софија Лорен. Филмот викендов учествуваше и на Меѓународниот Филмски Фестивал во Хоф, Германија, а во ноември ќе биде прикажан во Тирана и во Њујорк.