Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Интернационална работилница на Универзитетот за аудиовизуелни уметности

Интернационална работилница на Универзитетот за аудиовизуелни уметности

На Универзитетот за аудиовизуелни уметности, во периодот од 17ти до 23ти Ноември ќе одржи интернационална работилница, посветена на пиесата “Последниот маж, последната жена” од Јордан Плевеш. 
Како што е познато оваа пиеса доживеа свои праизведби во Скопје, Париз, Москва и Карио.
Интернационалната работилница со која ќе раководи театарската режисерка Sandrine Fourlon од Париз од театарот ЕСКАЛИЕР 4 и филмскиот режисер Fabien Hemar, ќе работат со пет актерски парови. Игор Георгиев, Валдета Исмаили, Александра Михајловска, Асдрен Селими, Неат Али, Надица Петрова, Никола Стефанов, Емине Хаили.
Ќе се работи на повеке јазици македонски, албански, турски, француски и мета јазик -измилсен јазик.
Во проектот активно учество ќе земе класата на професорот Дејан Пројковски и Рубенс Муратовски.
На свеченоста по повод почетокот на работилницата, гости на ќе бидат Васил Зафирчев и Сашка Димитровска, како протагонисти во познатата претстава на Димитар Станковски, која беше поставена во Драмскиот театар, како и композиторот Венко Серафимовски. Исто така ке биде прикажан документарниот филм “Последниот маж. последната жена во  Каиро” во режија на Константин Плевнеш, реализиран вбо соработка со ТВ Телма.
Работилницата која ќе ги презентира театарските остварувања и филмските сенквенци снимени по оваа драма, ќе биде презентирана на 23-ти Ноември во Драмскиот театар во 13 часот.