Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Реализирана втората фаза од проектот “Европа овде – Европа таму”

Picture

Во периодот од 11 до 17 Ноември 2014 во Каен (Франција) се одржа втората работилница од проектот “Помирувањето и визијата за заедничката иднина на Балканот и Европа. Европа овде – Европа таму (1914-2014)”. На работилницата учествуваа студентите од катедрата по фотографија: Стефан Дамјаноски, Ристо Арнаудов, Зоран Шекеров и Арди Борова предводени од професорот Роберт Јанкулоски и Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш.
За време на престојот беа посетени повеќе локации и музеи посветени на Првата светска војна како и локации поврзани со Втората светска војна, пред се местата на истоварување на сојузниците во Нормандија и воените гробишта од неколку држави учеснички. Од снимениот материјал беше направена селекција од најуспешни фотографии, која ќе биде извор за изложбата којашто ќе се одржи во месец декември оваа година во галеријата на Кинотеката на Македонија.
Проектот е реализиран во рамки на соработката помеѓу Македонија и Долна Нормандија, во соработка со Куќата на визуелни уметности (La Maison d’Image) од Каен, а со финансиска поддршка од страна на ALDA (Асоцијација на агенции за локална демократија).
Проектот е инициран и конципиран од страна на Константин Плевнеш и Илина Мангова.