Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

“Мал диконтинуитет…” на Гоце Цветановски со награда во Белград

Picture

Краткиот игран филм “Мал Дисконтинуитет во Времепросторот” на режисерот Гоце Цветановски ја доби наградата Коскар за најдобар регионален филм на 9тото издание на Српскиот Фестивал за Фантастични Филмови во Белград, Србија.
Според изјавата на жирито, наградата била доделена едногласно, а беше врачена од  специјалниот гостин на фестивалот, легендарниот холивудски продуцент и режисер Мик Герис, кој е познат како режисер на култните хорор филмови “Sleepwalkers” по сценарио на Стивен Кинг, “Мува 2”, “Критерс 2”, серијата “The Stand” исто така според Стивен Кинг, и како продуцент на серијата “Мајстори на хоророт”.
Инаку филмот досега беше прикажан на 18 фестивали низ целиот свет, и двапати беше во трка за најдобар краток фантастичен европски филм. Главните улоги ги толкуваат Висар Вишка и Драгана Левенска, а филмот е независна копродукција меѓу 6 филмски компании од Македонија.