Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Новите студенти ги добија индексите

Picture

На 19 септември 2014, на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, се одржа церемонијата по повод првиот академски час. Во рамките на церемонијата покрај Ректорот на Универзитетот, Јордан Плевнеш, се обратија и Амбасадорките на Франција и Холандија, Лоранс Оер и Мариет Шруман. На дипломираните студенти им беа поделени дипломите, а новите студенти ги добија своите индекси.
Индекси им беа дадени и на двајцата заеднички стипендисти на нашиот Универзитет и на Ракометниот клуб Металург, Маријан Јаневски (отсек камера) и Марко Ставридис (филмска монтажа). Јаневски и Ставридис во следните три години покрај студиите, ќе бидат практиканти во медиумскиот партнер на Металург, естрадниот магазин „Бекстејџ“, каде што ќе ги следат сите натпревари, активности и настани поврзани со РК Металург. Тие материјали ќе се користат како видео записи за потребите на видео порталот на Металург, „Металург ТВ“.
Повеќе фотографии на следниот ЛИНК.