Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Author: adminefta

Од 23 до 25 мај 2014 ќе се одржи првото издание на Кино Бразил, фестивал на бразилски филмови, на кој ќе гостуваат 4 режисери и продуценти од Бразил. Ќе бидат прикажани 24 филма од поновата Бразилска продукција, повеќе краткометражни филмови, и еден долгометражен филм од контроверзниот бразилски режисер Кико Гоифман. Web: www.kinobrasilfilmfestival.tumblr.com Facebook: www.facebook.com/KinoBrasilFilmFest Програма: ПЕТОК 23 мај 20:00 Кинотека - Oтворање на фестивалот и проекција на кратки филмови 21.30 ТВ Студио ЕСРА - Журка

Студентот по фотографија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Зоран Шекеров, освои четврта награда во документарна фотографија на Интернационалиот конкурс за фотографија Ровињ фотодејс. Во почетокот на овој месец во Ровињ се одржаа традиционалните фотографски денови. Овој пат за разлика од минатите години конкурсот беше Интернационален, а на него беа пријавени над 10.000 фотографии од 700 фотографи низ целиот свет, помеѓу кои се најде и студентот Зоран Шекеров со освоено четврто

Во рамките на Скопскиот филмски фестивал (кој се одржува од 23 до 30 април 2014), во соработка со Универзитетот за аудиовизулени уметности ЕСРА, на 29 април ќе се одржи предавање на македонскиот режисер Иво Трајков, кој живее и работи, односно предава на ФАМУ во Прага.  Предавањето е на тема: "Анализа на драмската структура и изградбата на ликовите како основа за филмска нарација". Во предавањето ќе се дефинираат основните на поими на филмската

Фестивалот SEE a Paris, преку филмот по четврти пат ќе ги обедини земјите на Југо-Источна Европа Фестивалот на кинематографиите од Југо-Источна Европа во Париз по четврти пат ќе се одржи во периодот помеѓу 27 и 30 Април 2014. Свеченото отворање ќе се случи во една од најпрестижните париски сали, Театарот Ле Палас (www.theatrelepalace.fr), а веќе од наредниот ден, исто како и минатите три години програмата ќе продолжи во културниот центар L'Entrepôt и во

Уни­вер­зи­те­тот за ау­ди­о­ви­зу­ел­ни умет­но­сти „ЕСРА Па­риз - Скоп­је - Њу­јорк“ пот­пи­ша ме­мо­ран­дум за со­ра­бо­тка со днев­ни­от вес­ник „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ за снима­ње на до­ку­мен­та­рен филм по по­вод 70-го­диш­ни­на­та од по­сто­е­ње­то на пр­ви­от ма­ке­дон­ски дне­вен вес­ник. Ре­кто­рот на уни­вер­зи­те­тот Јор­дан Плевнеш из­ја­ви де­ка ова е еден од нај­се­ри­оз­ни­те про­е­кти во по­сто­е­ње­то на ЕСРА.- Ќе по­кри­ва­ме ед­на хро­но­ло­ги­ја од 70 го­ди­ни од пр­ви­от вес­ник на ма­ке­дон­ски ја­зик, кој из­ле­зе на 29 октом­ври 1944 го­ди­на.

Во периодот од 10 до 15 март 2014, ќе се одржи втората фаза од интернационалниот студентски проект “Европа мојот идентиет”, во чија реализација учествуваат студенти на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Универзитетот за уметности Фолкванг од Есен, Германија и ЕСРА Франција. Проектот е поддржан од страна на Германско-Француската канцеларија за млади OFAJ - L'Office franco-allemand pour la Jeunesse (www.ofaj.org) и се реализира во три фази, по кои како краен резултат треба

Романот "Осмото светско чудо" на Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Јордан Плевнеш, кој што е веќе објавен на десетина јазици во светот, во превод на германски од страна на Вил Фирт, а во организација на мрежата Традуки, ќе биде претставен на Саемот на книгата во Лајпциг, кој ќе се одржи во периодот од 13 до 16 Март 2014. На штандот на Традуки, во рамките на претставувањето на авторите од Југо-Источна ЕВропа,

На 9 март 2014, со почеток во 20.00 часот, во Кинотеката на Македонија ќе се одржи премиерата на германско-македонскиот филм “Macedonia Mon Amour”.  Филмот е во продукција на Convincet GmbH, cine plus Media Service GmbH & Co. KG и ЕФА Продукција и е реализиран со поддршка на Филмскиот фонд на Македонија.“Macedonia mon amour” е документарен филм кој не се развива во правецот на прикажувањето разни надворешни случувања, туку кон прикажување на речиси

Петто издание на Вечерите на женски права. 06-08 Март 2014, Кинотека на Македонија. www.womensrightsnights.net Вечерите на Женски Права по петти пат ќе се одржат во периодот од 06 до 08 март 2014 година. Исто како и минатата година местото на случување ќе биде Кинотеката на Македонија. Во текот на трите дена ќе бидат прикажани три исклучителни документарни филма од новата светска и регионална продукција, кои ќе бидат проследени со дебати, а предивидени

Дипломецот по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Валентино Костадиновски ја доби нагарадата за најдобар млад актер на овогодинешното издание на манифестацијата Златна Бубамара на Популарноста. Наградата ја доби за улогата во преставата “Стјуардеси” на Театар Комедија. Исто така Костадиновски беше добитник на наградата за најдобар млад актер на Македонскиот Театарски Фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп за улогата во “Женидба” од Гогољ. Покрај во овие претстави младиот актер минатата