Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

По петти пат Вечери на Женски Права

Picture

Петто издание на Вечерите на женски права.
06-08
Март 2014, Кинотека на Македонија.
www.womensrightsnights.net

Вечерите на Женски Права по петти пат ќе се одржат во периодот од 06 до 08 март 2014 година. Исто како и минатата година местото на случување ќе биде Кинотеката на Македонија.
Во текот на трите дена ќе бидат прикажани три исклучителни документарни филма од новата светска и регионална продукција, кои ќе бидат проследени со дебати, а предивидени се и пропратни настани.
Настанот се организира под покровителство на Градот Скопје, во соработка со UN Women, Кинотеката на Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Институтуот за родови студии при УКИМ, а како партнери се јавуваат и Радио МОФ, Еквирас Асоцијација за еднаквост и права и Студентското списание Излез.

–          06 Март 2014, четврток, почеток 20.00 часот

СЕ РОДИ ЖЕНСКО / It’s a girl
(http://www.itsagirlmovie.com/) / http://www.youtube.com/watch?v=ISme5-9orR0

Дискусија на тема: “Кога женско се раѓа и врбите плачат”

Во Индија, Кина и многу други делови на светот денес, девојчињата се убиваат, абортираат и напуштаат едноставно затоа што се девојчиња. Обединетите Нации проценуваат дека денес во светот околу 200 милиони девојчиња се водат како исчезнати поради овој т.н. “gendercide”.
Но и оние кои ќе преживеат најчесто се занемарени, изложени на екстремно насилство (па дури и смрт) од страна на своите сопрузи или други членови на семејството.
Филмот е снимен на локации во Индија и Кина и го наметнува прашањето: зошто ова се случува и зошто толку малку е направено за да се спасат девојките и жените.
Филмот е сведоштво на приказните на напуштените – девојчиња кои се жртви на трговија, жени кои поради миразот доживуваат екстремно насилство, храбри мајки кои се борат да ги спасат животите на своите ќерки, и мајките кои ќе убијат за син. Глобалните експерти и активистите ги контекстуализираат овие приказни и се залагаат за надминување на ваквата состојба преку изнаоѓање на различни патишта за една вистински ефективна акција против оваа неправда.
 

–          07 Март 2014, петок, почеток 20.00 часот

ЈАС СУМ ДЕВОЈКА / I’m a girl
(http://www.iamagirl.com.au/) / http://www.youtube.com/watch?v=KaR-UcCpZfA

Дискусија на тема: “Колку ги остварувам моите соништа”

Денес постои група на луѓе во светот кои се повеќе прогонувани од било кој друг, но тие не се политички или верски активисти. Тие се девојки. Да се ​​бидероден како девојка, значи поголема веројатност да се биде подложен на насилство, болести, сиромаштија и подреденост, од било која друга група на планетата. Како што секоја девојка се приближува кон полнолетството, долгометражниот документарен филм ЈАС СУМ ДЕВОЈКА открива што значи да се расте како женско во 21 век .
Како што тече денот од утро до мрак и навлегува во ноќта, ги запознаваме Ману, Кимси, Азиза, Хабиба, Бреани и Кејти, секоја на прагот на женскоста и справувањето со реалноста на она што значи да расте како жена во нивниот свет денес. Како што доаѓаат до полнолетноста следејќи го она што нивните култури го налагаат, гледаме извонредени приказни на отпор, храброст и хумор кои го затоплуваат срцето.
Феминизмот можеби вети еднаквост и се бори за подобар и поправеден свет за жените, но реалноста е дека девојките кои сочинуваат речиси една четвртина од светската популација, сè уште се соочуваат со најголемата дискриминација споредено со било која група во светот. Технологијата и науката нудат незамисливи потенцијали, но ние се уште се бориме да обезбедиме еднакви можности за мажите и жените. Сепак, и покрај овие пречки, девојките имаат откриено неверојатни начини да се истрае и во овој документарен филм ги слушаме нивните приказни на сила, надеж, храброст и одбивање да се биде втор најдобар.
Стилски, документарецот е сочинет од интервјуа комбинирани со поетски и набљудувчки портерети на секојдневната реалност да се биде девојка. Испреплетените приказни користат мотиви од природата и се прикажуваат настани поврзани со полнолетноста, без разлика дали станува збор за дипломирање на училиште, мајчинството или рано стапување во брак.
Нашето патување ја носи публиката низ различни култури и општества низ целиот свет, вклучувајќи ги Камбоџа, Папуа Нова Гвинеја, Камерун, Авганистан, САД и Австралија.
 

–          08 Март 2014, сабота, почеток 20.00 часот

ЖИВОТОТ НЕ Е ХАВАЈСКА ПЕСНА / Nije ti život pjesma Havaja /
http://hulahop.hr/hr/projekti/filmska_i_tv_produkcija/nije_ti_zivot_pjesma_havaja
https://www.youtube.com/watch?v=4u5K2bfк98Jw

Дискусија на тема:
“Семејни односи и проекции за иднината”


„Не можам да се сетам кога почнав да појадувам со татко ми. Но тоа е секогаш во вторник во 9. До денес, веројатно имавме повеќе од 500 заеднички појадоци. Кога мајка ми се врати во Хрватска, со неа почнав да ручам во неделите. Мојот брат понекогаш ни се приклучува. Најчесто зборуваме за дневната политика, филмовите што сме ги гледале, домашните планови или разговараме за “настани ” во поширокото семејството или помеѓу пријателите. Еден ден решив да поставувам прашања за работи кои не допираат сите нас. Кои влијаат на нас толку длабоко што е многу тешко да се зборува за нив“.
Раскажан со многу хумор и искреност, послужен со одлична храна и зачинет со љубов, овој документарен филм зборува за прифаќањето.
 

–          08 Март 2014, сабота, почеток 22.00 часот
Концерт на “My Soul Session”