Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Документарен филм за “Нова Македонија”

Документарен филм за “Нова Македонија”

Picture

Уни­вер­зи­те­тот за ау­ди­о­ви­зу­ел­ни умет­но­сти „ЕСРА Па­риз – Скоп­је – Њу­јорк“ пот­пи­ша ме­мо­ран­дум за со­ра­бо­тка со днев­ни­от вес­ник „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ за снима­ње на до­ку­мен­та­рен филм по по­вод 70-го­диш­ни­на­та од по­сто­е­ње­то на пр­ви­от ма­ке­дон­ски дне­вен вес­ник. Ре­кто­рот на уни­вер­зи­те­тот Јор­дан Плевнеш из­ја­ви де­ка ова е еден од нај­се­ри­оз­ни­те про­е­кти во по­сто­е­ње­то на ЕСРА.
– Ќе по­кри­ва­ме ед­на хро­но­ло­ги­ја од 70 го­ди­ни од пр­ви­от вес­ник на ма­ке­дон­ски ја­зик, кој из­ле­зе на 29 октом­ври 1944 го­ди­на. Ова е го­лем пре­диз­вик за сите про­фе­сии што се сту­ди­ра­ат на на­ши­от фа­кул­тет, а на­ед­но и за на­ши­те сту­ден­ти, про­фе­со­ри и за си­те на­ши со­ра­бот­ни­ци во сфе­ра­та на ау­ди­о­ви­зу­ел­ни­те умет­но­сти да по­кри­јат ед­на од нај­воз­буд­ли­ви­те аван­ту­ри на мо­дер­на­та исто­ри­ска сли­ка на Ма­ке­до­ни­ја – из­ја­ви Плев­неш.
Ди­ре­кто­рот на вес­ни­кот Ра­тко Ла­за­рев­ски из­ја­ви де­ка на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“ ѝ е за­до­волс­тво да учес­тву­ва во ва­ков го­лем про­ект.
– Со овој про­ект ќе се на­пра­ви до­бар спој на умет­но­ста, од ед­на стра­на на пи­ша­ни­от збор и но­ви­нар­ски­от израз, а од дру­га стра­на на умет­но­ста на фо­то­гра­фи­ја­та и фил­мот, умет­но­ста на мон­та­жа­та, на ре­жи­ја­та. По­вр­зу­ва­ње­то на овие две ин­сти­ту­ции ќе оста­ви зад се­бе иск­лу­чи­тел­но до­бро де­ло и не­што што ќе оста­не за ид­ни­на­та – из­ја­ви Ла­за­рев­ски.