Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Нашиот Универзитет дел од интернационален студентски проект

Picture

Во периодот од 10 до 15 март 2014, ќе се одржи втората фаза од интернационалниот студентски проект “Европа мојот идентиет”, во чија реализација учествуваат студенти на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Универзитетот за уметности Фолкванг од Есен, Германија и ЕСРА Франција. Проектот е поддржан од страна на Германско-Француската канцеларија за млади OFAJ – L’Office franco-allemand pour la Jeunesse (www.ofaj.org) и се реализира во три фази, по кои како краен резултат треба да се добие документарен (making off) филм кој го следи целиот проект и краток игран филм.
Првата фаза се одржа во септември 2013 во Македонија, каде што студентите снимаа на ексклузивни локации во Преспа, Битола, Охрид и Скопје. Втората фаза ќе се одвива во Есен, Германија од 10 до 15 март, а третата завршна фаза од проектот ќе се реализира од 08 до 13 септември оваа година.
По завршувањето на филмот предвидено е негово емитување на француско-германскиот ТВ канал Арте.