Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Author: adminefta

На 30 Јануари 2013, во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, свечено беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу Меѓународниот Славјански Универзитет Г. Р. Державин, Свети Николе – Битола, Р. Македонија и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска и театарска академија, ЕСРА Париз – Скопје – Њујорк. Со овој документ се озваничи почетокот на соработката помеѓу двете институции и поконкретно ќе значи развивање на заеднички истражувачки активности, заедничка работа во стручни

Младиот македонски филмски режисери музичар Константин Плевнеш, на 21 декември 2013, во престижната сала Мироатри во Париз, ќе го претстави својот авторски албум, дел од интернационалното музичко движење Sinoptic music, кое  дејствува во повеќе европски и светски музички центри. По Париз, авторскиот албум кој Плевнеш го потпишува со псевдонимот Hellblazer, ќе биде презентиран во Брисел и Лондон.https://www.facebook.com/events/501626369944250/http://www.rdvstreet.com/agenda/open-mic/reality-check-presente-sinoptic-music-walter-open-mic-paris.html

Новата зграда на Македонскиот Народен Театар беше отворена на 7 декември 2013, со спектакуларната изведба на театарската претстава "Вечната куќа", по текст на Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Јордан Плевнеш, а во режија на Про-Ректорот на нашиот Универзитет, Дејан Пројковски. Покрај нив, во претставата учествуваа и голем број на актери од нашата институција (студенти и дипломирани). Во продолжени следат линкови од неколку одгласи во медиумите, проследени со фотографии: "ВЕЧНАТА КУЌА": ЕМОТИВНА

Претставата „Вечна куќа“ со која се отвори Стариот театар го воспева животот и уметноста, потсетувајќи не' дека историјата е само фрагментСунчица Уневска, Утринскински Весник Ништо не може да биде исто во една куќа која е сведок на изминувањето на вековите, во куќа низ која поминале толку животни судбини, толку различни светови и случувања, во една куќа чии одаи се преполни со приказни. „Сопственоста е фикција“, ќе извика авторот Јордан Плевнеш на крајот на приказната

Изложбата на плакати, насловена  "Да ја спасиме планетата! (Au secours de la planète)" ќе биде отворена на 6 декември (петок), во галеријата на Кинотеката на Македонија, со почеток во 18.00 часот. Во рамките на активностите на Меѓународната организација за Франкофонија (OIF) насочени кон одржливиот развој и заштитата на околината, Регионалниот франкофонски центар за централна и источна Европа (CREFECO) организираше, во периодот од 15 февруари до 15 април 2013, натпревар под наслов

По повод 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Народна Република Кина и Република Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија и Кинотеката на Македонија, Ве покануваат на отворањето на Неделата на современиот кинески филм со свечената проекција на филмот:“БЛЕСКАВИ ДЕНОВИ” (Wan jia deng huo / Glittering Days), игран филм, Кина 2009, 95 мин, режија: Ан Џанѓун (An Zhanjun)По проекцијата Ве покануваме

Во галерискиот простор на Универэитетот эа применети уметности во Дортмунд (Германија) во тек е иэложбата на тема (Урбана фотографија) која што е реэултат од истоимената работилница што се работеше во Белград, Скопје и Дортмунд. На работилницата учествуваа студенти од катедрите по фотографија од Универэитетот эа применети уметности од Дортмунд, Академија Нова од Белград и Универэитетот эа аудиовиэуелни уметности ЕСРА од Скопје. Во прилог следат повеќе фотографии од настанот. (function(jQuery)

На 7 Ноември (Четврток) со почеток од 10.00 часот, во Кино салата на Кинотека на Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Францускиот институт, организираат симпозиум и уметнички портрет по повод 100 години од раѓањето на Албер Ками. Во рамките на настанот ќе се реализира следната програма: Обраќање на Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Јордан Плевнеш Обраќање на Амбасадорката на Франција во Македонија, Н.Е. Лоранс Оер Ексклузивен гостин, актерот првенец на МНТ, Ѓорѓи