Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Потпишан Меморандум за соработка со Славјански Универзитет

Picture

На 30 Јануари 2013, во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, свечено беше потпишан Меморандумот за соработка помеѓу Меѓународниот Славјански Универзитет Г. Р. Державин, Свети Николе – Битола, Р. Македонија и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска и театарска академија, ЕСРА Париз – Скопје – Њујорк.
Со овој документ се озваничи почетокот на соработката помеѓу двете институции и поконкретно ќе значи развивање на заеднички истражувачки активности, заедничка работа во стручни и научни проекти, заемно учество во работилници, професионални и академски средби. Исто така двете институции ќе учествуваат во заеднички промотивни проекти, продукциски проекти, проекти за развој и професионализација, организирање хуманитарни настани и проекти за развивање и промоција на општествената одговорност.
Ќе бидат организирани и дисперзирани студиски програми од сите катедри на двата Универзитети, ќе се организира е-учење, кое што ќе се однесува и на соработката со Универзитетите во Франција, Германија и Холандија со кои Универзитетот за аудиовизуелни уметности има потпишано договори за соработка, како и рускиот Универзитетот Державин со кој соработува Меѓународниот Славјански Универзитет.
Двете институции ќе го промовираат Фестивалот на Францускиот Филм, кој Универзитетот ЕСРА традиционално го организира, ќе учествуваат и во организација на Фестивалот на руската култура, кој го организира Меѓународниот Славјански Универзитет, а ќе се иницира и организација на Фестивал на современиот руски филм.