Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Недела на современиот кинески филм

Picture

По повод 20 годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Народна Република Кина и Република Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, во соработка со Амбасадата на Народна Република Кина во Македонија и Кинотеката на Македонија, Ве покануваат на отворањето на Неделата на современиот кинески филм со свечената проекција на филмот:
“БЛЕСКАВИ ДЕНОВИ” (Wan jia deng huo / Glittering Days),
игран филм, Кина 2009, 95 мин, режија: Ан Џанѓун (An Zhanjun)
По проекцијата Ве покануваме на пригоден Коктел
22 ноември (петок), почеток 18.00 ч. Кино сала на Кинотека на Македонија

ПРОГРАМА НЕДЕЛА НА СОВРЕМЕНИОТ КИНЕСКИ ФИЛМ

·         22 ноември (петок), 18.00 ч.

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА НЕДЕЛАТА НА СОВРЕМЕНИОТ КИНЕСКИ ФИЛМ

БЛЕСКАВИ ДЕНОВИ (Wan jia deng huo / Glittering Days)

игран филм, Кина 2009, 95 мин., колор, ДВД
режија: Ан Џанѓун (An Zhanjun)

сценарио: Ли Лонгјун, Њу Фуџи (Li Longyun, Niu Fuzhi)
улоги: Љу Хуа, Сјин Баиќинг, Фенг Ќан, Љу Лин, Ву Ѓуе (Liu Hua, Xin Baiqing, Feng Qian, Liu Lin, Wu Yue)

Животот во Јунјучи, наслеба на југот од Пекинг станува неподнослив заради дотраеноста и на зградите и на инфраструктурата. Населението, меѓу кои и големото семејство Хе, се` уште живеат во традиционални кинески куќи со внатрешен двор, притеснети едни до други. Тројцата браќа Хе и нивните семејства делумно ќе ја изгубат куќата откако по летните поројни дождови дел од објектот ќе се сруши и заедно со соседите ќе почнат да вршат притисок врз градските власти за тие да ја обноват населбата. Во меѓувреме, покрај куќата, и нивните бракови ќе се разнишаат…
 

·         24 ноември (недела), 20.00 ч.

БЛЕСКАВИ ДЕНОВИ (Wan jia deng huo / Glittering Days)

игран филм, Кина 2009, 95 мин., колор, ДВД
режија: Ан Џанѓун (An Zhanjun)

сценарио: Ли Лонгјун, Њу Фуџи (Li Longyun, Niu Fuzhi)
улоги: Љу Хуа, Сјин Баиќинг, Фенг Ќан, Љу Лин, Ву Ѓуе (Liu Hua, Xin Baiqing, Feng Qian, Liu Lin, Wu Yue)

Животот во Јунјучи, наслеба на југот од Пекинг станува неподнослив заради дотраеноста и на зградите и на инфраструктурата. Населението, меѓу кои и големото семејство Хе, се` уште живеат во традиционални кинески куќи со внатрешен двор, притеснети едни до други. Тројцата браќа Хе и нивните семејства делумно ќе ја изгубат куќата откако по летните поројни дождови дел од објектот ќе се сруши и заедно со соседите ќе почнат да вршат притисок врз градските власти за тие да ја обноват населбата. Во меѓувреме, покрај куќата, и нивните бракови ќе се разнишаат…
 

·         26 ноември (вторник), 20.00 ч.

ЗАСЕКОГАШ МАЃЕПСАН (Mei Lanfang / Forever enthralled)

игран филм, Кина / Хонг Конг 2008, 138 мин., колор, ДВД
режија: Чен Каиге (Chen Kaige)

сценарио: Јан Гелинг, Чен Куо-фу, Чен Каиге (Yan Geling, Chen Kuo-fu, Chen Kaige)
улоги: Леон Лаи, Ѕији Џанг, Сун Хонгљи, Чен Хонг (Leon Lai, Ziyi Zhang, Sun Honglei, Chen Hong)

Екранизација на биографијата на Меи Ланфанг, една од најлегендарните оперски ѕвезди во кинеската историја. Иако маж, Ланфанг скоро целата своја кариера ја изгради толкувајќи женски ликови, но во приватниот живот се соочувал со многу фрустрации, пред сè заради ограничувањaта што му ги наметнувала професијата, но и заради бурниот љубовен живот.
 

·         27 ноември (среда), 20.00 ч.

ХРАМОТ НА БУДА (Guan yin shan / Buddha Mountain)

игран филм, Кина 2010, 100 мин., колор, ДВД
режија: Ли Ју (Li Yu)

сценарио: Ли Фанг, Ли Ју (Li Fang, Li Yu)
улоги: Силвија Чанг, Фан Бингбинг, Бо-лин Чен, Феи Лонг (Sylvia Chang, Bingbing Fan, Bo-lin Chen, Fei Long)

Тројца млади кои потекнуваат од проблематични семејства и се без некоја цел во животот, освен да му пркосат, стануваат потстанари кај една остарена оперска пејачка. Таа штотуку го загубила синот и, удавена во тага, лута низ секојдневието несвесна за многу нешта што се случуваат околу неа. Девојката и двете момчиња се мајтапат со неа, ù ги крадат парите, потоа и автомобилот, но полека, во сопствената дезориентација, гнев и бунтовништво наоѓаат сочуство за неа и ù помагаат да се помири со отсуството на синот. При тоа, и тие тројцата го прифаќаат животот со сите непријатности и неизвесноти што ги носи.
 

·         28 ноември (четврток), 20.00 ч.

ПАТУВАЈЌИ ИЛЈАДА МИЛЈИ (Qian li zou dan qi / Riding Alone For Thousands Of Miles)

игран филм, Кина / Хонг Конг / Јапонија 2005, 110 мин., колор, ДВД
режија: Џанг Јиму (Zhang Yimou)

сценарио: Зу Џингзи (Zou Jinghzi)
улоги: Кен Такакура, Шинобу Тераима, Киичи Накаи, Кен Накамото (Ken Takakura, Shinobu Terajima, Kiichi Nakai, Ke
n Nakamoto)

Рибарот Таката живее во едно зафрлено јапонско село и веќе подолго време тагува по својот син Кеничи, со кого не се во добри односи. Кога неговата снаа Рие ќе му каже дека Кеничи лежи во болница, Таката ќе се обиде ситуацијата да ја искористи за да се смири со синот. Откако синот ќе одбие да го види таткото, снаата на стариот ќе му даде видеолента, од која таткото ќе дознае дека синот е голем љубител на кинеската опера, но заради болеста нема да успее да ја погледне последната изведба на оперскиот пејач Ли Џијамин. Стариот Таката ќе реши да отпатува во далечното кинеско село за да ја сними изведбата на Џиајмин и да му ја покаже на синот кој лежи на болничка постела.
 

·         29 ноември (петок), 18.00 ч.

ОКЕАНСКИ РАЈ (Hai yang tian tang / Ocean Heaven)

игран филм, Кина 2010, 100 мин., колор, ДВД
режија и сценарио: Хуе Сјаолу (Xue Xiaolu)
улоги: Џет Ли, Вен Џанг, Гвеи Лун-меи, Џу Јуанјуан, Донг Јонг (Jet Li, Wen Zhang, Gwei Lun-mei, Zhu Yuanyuan, Dong Yong)

По лошата прогноза од докторите, Ванг очекува да почине. Тој работи во локалниот аквариум и сам се грижи за 20-годишниот аутистичен син по смртта на неговата сопруга. Соочен со брзиот крај, Ванг сепак има предизвик – за многу кратко време да му ја пренесе мудроста на живеењето и преживувањето на синот за кој не е сигурен дека ќе може да се снајде во светот без него. На што попрво да го научи? И, како?
 

·         30 ноември (сабота), 20.00 ч.

ПОД НЕБОТО НА УРУМЌИ (Wulumuqi de tian kong / Under the Sky of Urumqi)

игран филм, Кина 2011, 100 мин., колор, ДВД
режија: Ксирзат Јакуп (Xirzat Yakup)

сценарио: Бинг Жанг (Bing Zhang)
улоги: Ју Бин, Цао Сјивен, Исламиѓан Варис (Yu Bin, Cao Xiwen, Islamjian Waris)

Урумќи е град на северозападот на Кина во кој со векови едни покрај други живеат луѓе од повеќе од 15 националности и неколку религии. Лиу Пеи е млад сликар кој заедно со сопругата ќе се досели во градот уште во шеесеттите години и ќе биде изненаден од хармоничните односи помеѓу соседите. Новостекнатите пријателства ќе ги задржи до крајот на животот.
 

·         01 декември (недела), 20.00 ч.

ТЕЛОХРАНИТЕЛИ И УБИЈЦИ (Shi yue wei cheng / Bodyguards and assassins)

игран филм, Кина / Хонг Конг 2009, 135 мин., колор, ДВД
режија: Теди Чанг (Teddy Chang)

сценарио: Ѓунли Гуо, Тин Нам Чун, Ѓојсе Чан (Junli Guo, Tin Nam Chun, Joyce Chan)
улоги: Хеќи Ванг, Тони Леунг Ка Фаи, Ѓун Ху, Бо-Чиех Ванг, Николас Це (Xueqi Wang, Tony Leung Ka Fai, Jun Hu, Bo-Chieh Wang, Nicholas Tse)

Во 1905 година Кина ја зафаќа револуционерен бран, но династијата Кинг е подготвена да стори сè за да остане на власт. Бидејќи Сун Јат Сен е нивниот најголем противник и перспективен лидер на идната „народна“ Кина, тие испраќаат група убијци за да го отстранат од политичката сцена. Но, и противничката група ќе формира своја одбрана, а судирот на двете страни е безмилосен, истребување до смрт. Епската сцената во која се судираат групите трае околу еден час, што претставува реткост во филмовите со боречки вештини.