Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Симпозиум по повод 100 годишнината од раѓањето на Ками

Симпозиум по повод 100 годишнината од раѓањето на Ками

Picture

На 7 Ноември (Четврток) со почеток од 10.00 часот, во Кино салата на Кинотека на Македонија, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Францускиот институт, организираат симпозиум и уметнички портрет по повод 100 години од раѓањето на Албер Ками. Во рамките на настанот ќе се реализира следната програма:

  • Обраќање на Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Јордан Плевнеш
  • Обраќање на Амбасадорката на Франција во Македонија, Н.Е. Лоранс Оер
  • Ексклузивен гостин, актерот првенец на МНТ, Ѓорѓи Јолевски, Монолог од “Калигула” на Ками
  • “Албер Ками, мислител кој што пристига” – Академик Георги Старделов
  • “Албер Ками и Едгар Морен, едно медитеранско братство” – Академик Луан Старова
  • “Театарот на Ками во Македонија” – Проф. Д-р Јелена Лужина
  • “Херберт Лотман, Македонија и падот на светската историја во делото на Ками” – Проф. Јордан Плевнеш
  • “Créer, c’est vivre deux fois-Да твориш значи два пати да живееш” – Проф. Д-р Владимир Мартиновски, Филолошки факултет, Компаративна литература
  • “Антрополошкиот концепт на Албер Ками” – М-р Владимир Спасовски
  • “Враќање на почетоците: Првиот човек и последниот Ками” – Проф. Д-р Елисавета Поповска, Филолошки факултет, Катедра за романистика