Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Предавање на Иво Трајков

Picture

Во рамките на Скопскиот филмски фестивал (кој се одржува од 23 до 30 април 2014), во соработка со Универзитетот за аудиовизулени уметности ЕСРА, на 29 април ќе се одржи предавање на македонскиот режисер Иво Трајков, кој живее и работи, односно предава на ФАМУ во Прага. 
Предавањето е на тема: “Анализа на драмската структура и изградбата на ликовите како основа за филмска нарација”. Во предавањето ќе се дефинираат основните на поими на филмската нарација, нивната функција и структурирање на раскажувањето, заедно со принципите на изградба на ликови како клучни алатки на уметноста на филмското раскажување.
Предавањето ќе започне во 14 часот. Во првиот дел учесниците ќе ја проследат проекцијата на филмот „The Conversation“ (1974 година) на режисерот Francis Ford Coppola. (Филмот трае 113 минути, по што ќе следи пауза од 15 минути). Во вториот дел преку анализа на филмот и постапките на авторот, ќе се даде практичен пример за да се објасни драмската „Three Act Structure“ на дејствието и градењето на ликовите во приказната. (Вториот дел ќе трае 2 часа со пауза од 10 минути по првиот час.)