Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Author: adminefta

Во продукција на Народниот театар од Охрид и Театарот „Ici et la“ од Париз, Франција, на 4 декември, во Драмски театар во Скопје, се одржа светската премиера на драмската презентација на историската поема  „Дениција“ на великанот на македонската книжевност Петре М. Андреевски.Подготвуван последните две години како поетско-театарски сон што ја пласира „Дениција“ во основата на македонскиот духовен идентитет во европски и светски рамки, нејзината праизведба во Македонија се совпаѓа со десетгодишнината од смртта на акедмик Петре М. Андреевски (1934-2006). Во

Денес во Букурешт, во ректоратот на Националниот универзитет за филм и театар Јон Лука Караѓеле се потпиша меморандум за соработка во аудиовизуелните уметности помеѓу ректорот  Николае Мандеа и ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска, Филмска, Театарска и Танцова Академија – Скопје, Јордан Плевнеш. Во присуство на Неговата екселенција , амбасадорот на Република Македонија во Романија Панде Лазаревски, беа отворени поголем број перспективи за соработка во аудиовизуелниот сектор (филм, театар, применета музика и тн.), кои ќе започнат со реализација

Француската државна телевизија во рубриката Геополис објави опсежно интервју со  македонскиот писател со интернационално реноме Јордан Плевне, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА- Скопје.  Првиот дел на интервјуто што го води познатиоит француски новинар Ролан Рибадо-Дима е посветен на меѓународните огласи од романот „Осмото светско чудо“, чиешто прво издание беше објавено на француски, од издавачката куќа Table Ronde што е дел од престижниот Galimard.  Имено, новинарот истакнува дека овој роман доживеа изданија на петнаесетина јазици и дека е

Едно од најголемите имиња на светскиот театар Роберт Вилсон, чие што дело веќе половина век  претставува вистинска театарска, визуелна и уметничка револуција на сите пет континенти, ќе биде прогласен за Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје, по плејадата светски имиња кои станале интегрален дел од оваа институција во нејзиното десетгодишно постоење.Церемонијата ќе се одржи на 26 септември, со почеток во 17:30 ч. во големата сала на Македонскиот народен театар. Овој свечен настан ќе започне со

Легендарното име на словачката историја, култура, политика и кинематографија Рудолф Шустер, кој во својата исклучителна кариера од 1999 г. до 2004 г. беше и Претседател на Словачката Република, на 12 септември 2016 г. се здоби со највисоката универзитетска инсигниа Doctor Honoris Causa на Универзитетот Св. Климнет Охридски од Битола.  На свеченоста на којашто беа присутни голем број на претставници на дипломатскиот кор и на националните институции, ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски, Проф. Д-р Сашо Коруновски

Меѓународното жири на НЕТА (Нова Европска Театарска Акција): Анастас Поп Димитров - Бугарија, Градимир Гоер – Босна и Херцеговина, Тома Трифуновиќ – Србија, Ника Архар – Словенија и Јоана Поповска – Македонија додели специјална Награда за дебитански настап, во рамките на 24. Мегународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, на претставата „Животот е магичен круг од кој бегање нема“ на студентите  по актерска игра од прва година на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Европска Филмска Театарска и Танцова Академија Скопје-Париз-Есен