Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

ДВОДНЕВЕН СИМПОЗИУМ „БУГАРСКАТА ДРАМА И ТЕАТАР ВО Р. МАКЕДОНИЈА“

ДВОДНЕВЕН СИМПОЗИУМ „БУГАРСКАТА ДРАМА И ТЕАТАР ВО Р. МАКЕДОНИЈА“

Во рамките на долгорочниот научноистражувачки проект „Европскиот театар и драматургија во Р. Македонија од ослободувањето до денес“, Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска, Театарска и Танцова академија – Скопје,научно ќе презентира 30-тина национални драматургии, во театарската и издавачката дејност, кои оставиле длабока трага во нашата европска културна меморија. Секоја учебна година ќе бидат презентирани по две драматургии.Оваа година тоа ќе бидат бугарската и германската.
Првиот научен симпозиум во рамки на овој проект  се одржa на 17 и 18 септември во манастирскиот комплекс Св. Јоаким Осоговски, со учество на 30-тина врвни имиња од Бугарија и Македонија, кои дадоа особен придонес во расветлувањето нахронологијата на духовните поврзувања во театарската традиција.
По обраќањата на амбасадорот на Бугарија во Македонија Н.Е. Иван Петков и ректорот на универзитетот Јордан Плевнеш на дводневниот меѓународен научен собир, меѓу другите, од Бугарија активно учество зедоа Христо Бојчев, најизведуваниот бугарски драмски автор во светот Христо Бојчев, проф. Снежина Петрова, проф. Иван Добчев, Светлана Славова, проф. Димитар Димитров, Елена Димитрова од Академијата за ТВ и филм и други.
Од македонска страна реферати презентираа Ристе Стефановски, проф. Д-р Иванка Апостоловска, Васил Михаил, м-р Трајче Кацаров, проф. Д-р Христо Петревски, Глигор Цветковски, проф. Лилјана Котевска – Плевнеш, проф. Гоце Ристовски и др.
Под раководство на проф. Д-р Мишо Нетков се снимаше и документарен филм за придонесот на бугарската драма и театар во Република Македонија.
Исто така, во рамките на симпозиумот беше прикажан и документарниот филм „45 градуси по Азарјан“ во  режија на Лили Абаџиева.
Институтот за сценски уметности при УАУ ЕФТА ќе објави  зборник од трудовите изнесени на Симпозиумот и обемна антологија на бугарската драма на македонски јазик. Овој научноистражувачки проект е предвиден со реципроцитет, и за возврат Факултетот за театар, при Новобугарскиот универзитет, кон крајот на следната година ќе организира симпозиум „Македонскиот театар и драматургија во Бугарија .“