Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

РОБЕРТ ВИЛСОН ПОЧЕСЕН ДОКТОР НА ЕФТА

Едно од најголемите имиња на светскиот театар Роберт Вилсон, чие што дело веќе половина век  претставува вистинска театарска, визуелна и уметничка револуција на сите пет континенти, ќе биде прогласен за Doctor Honoris Causa на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА – Скопје, по плејадата светски имиња кои станале интегрален дел од оваа институција во нејзиното десетгодишно постоење.
Церемонијата ќе се одржи на 26 септември, со почеток во 17:30 ч. во големата сала на Македонскиот народен театар. Овој свечен настан ќе започне со поздрав од театарските уметници од Македонија, потоа ќе се презентира  филмот на Саша Голдман за Роберт Вилсон „Rememberemember“ во присуство на авторот, а ќе има поздравни беседи од ректорот на УАУ ЕФТА Јордан Пленеш и самиот Роберт Вилсон.
Партнери на настанот се  Македонскиот народен театар, хотел Арка – Скопје, винеријата Бовин, а медиски покровител е МРТВ.

Ве повикуваме да присуствувате на овој свечен чин за светскиот театар и македонската култура!
Влезот е слободен, вратите на МНТ се отворени од 17:00 ч.