Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

КОНКУРС ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ ЗА ИЗЛОЖБАТА YOUNG ART 2016

КОНКУРС ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ ЗА ИЗЛОЖБАТА YOUNG ART 2016


Агенцијата за млади и спорт објавува Конкурс за изложбата Young Аrt 2016 на која Агенцијата  ги повикува сите млади  визуелни уметници и групи да поднесат свои авторски дела, согласно со утврдените критериуми :
1. Авторите да се на возраст од 15 до 29 години
2. Доставените дела да се од следниве дисциплини:
∼ Сликарство (со димензии не поголеми од 200х200 см)
∼ Скулптура (со димензии не поголеми од 200х200x200 см)
∼ Графика (со димензии не поголеми 100х70)
∼ Графички дизајн (плакат)
∼ Фотографија (со димензии не поголеми од 100х70 см)
 
3. Делата треба да кореспондираат со современите ликовни практики, а тематските и идејните содржини се отворени и се поврзани со рецентното индивидуално творештво на авторите од последните две години. Делата треба да имаат изразен индивидуален, ликовен и креативни ракопис.
Изложбата по трет пат ќе се  реализира оваа  година, а има за цел да ги поддржи и стимулира младите во продуцирање на современо ликовно творештво, но и да направи пресек на современата ликовна продукција  на најмладата  генерација визуелни уметници.
Агенцијата за млади и спорт ги охрабрува сите млади автори и групи на возраст од 15 до 29 години, да  достават свое дело на конкурсот. Секој кандидат учествува со по едно дело. Изложбата е селективна, а жирито ќе додели по една награда за уметнички достигнувања за петте дисциплини, во износ од  40,000 денари.
Секој автор своето дело треба да го достави соодветно опремено (без да се гледа неговата сигнатура) заедно со плик во прилог  во кој ќе ги има податоците за авторот и делото, а на горниот лев агол треба да стои ознаката „не отворај”, во средината да биде назначена точната адреса на примачот.
Надворешноста на пликот не смее да содржи никакви ознаки за испраќачот.
Во вториот затворен плик треба да има податоци за испраќачот и адресата на која делото ќе биде уредно вратено.
Адресата на која треба да се достават авторските дела е:
Агенција за млади и спорт
Сектор млади
Ул. Македонија бр.38, 1000 Скопје
Со назнака „за Конкурсот Млади уметници “
Или лично, во Архивата на Агенцијата за млади и спорт (палата „Панко Брашнаров“) .
 
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на тел. (02) 3116-628 секој работен ден од 8.30 до 16.30 часот, или во просториите на Агенција за млади и спорт, Сектор млади.
Конкурсот ќе трае од 29.08 до 30.09.2016.