Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Врачена наградата „Клучевите на Преспа 2016“

Врачена наградата „Клучевите на Преспа 2016“

Во рамките на интернационалниот театарски фестивал „Актерот на Европа“, кој се организира од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕФТА – Скопје и Општина Ресен, традиционално се доделува наградата „Клучевите на Преспа“ за  научни достигнувања и трудови, кои се референтни за преспанскиот регион. Минатата година добитници на оваа награда беа Гзавиер Боне од Франција и академик Вера Битракова од Македонија.
Овогодинешни добитници на наградата „Клучевите на Преспа“ се академик Владо Матевски, редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје и потпретседател на МАНУ, и д-р Андраж Чарни, предавач и стручен соработник на Словенечката академија на науки и уметности. Наградата им се доделува за нивниот особен придонес во  проучувањето на флората во Македонија, и особено за уникатната флора на планината Галичица, кое што публикувано во бројни научни публикации.  Со тоа не само што  ја збогатија сферата на своето специфично научно делување,  туку  и посредно го афирмираа и преспанскиот регион во еден поширок контекст.
Наградата на д-р Андраж Черни му беше врачена на 18.10.2016 г., во просториите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕФТА, Скопје, од страна на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски, во присусво на истакнати личности од академскиот и општествениот живот на Р. Македонија. Воедно, во истата прилика од страна на градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕФТА – Скопје му додели специјално признание за културна промоција на општината. Признанието во име на Универзитетот го прими професорот Мето Јовановски.