
Завршен настан на проектот: „Изработка на кратко видео на тема: Моето училиште“
Минатата недела, на 28 мај 2025, во организација на Интернационалниот Универзитет „ЕУРОПА ПРИМА“ – Скопје и Секторот за образование на Град Скопје, се одржа завршниот настан по повод заедничкиот проект со средните училишта во Град Скопје: „Изработка на кратко видео на тема: Моето училиште“, на кој беа прикажани видеа од 9 средни училишта, а на сите учесници им беа доделени сертификати и благодарници. Им благодариме на учениците и нивните професори за нивната креативност и одлично завршената работа.
Share: