Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Студенти од Македонија, Германија и Франција во проектот “Европа мојот идентитет”

Picture

Во периодот од 07 до 13 Септември 2014, група студенти и професори на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, ќе учествува во европскиот академски проект насловен “Европа мојот идентитет”, во кој покрај македонските студенти учествуваат и студенти од француската ЕСРА и Универзитетот за уметности Фолкванг од Германија. Овој проект се реализира во три фази, од кои првите две се одвиваа во Македонија и Германија, во Франција ќе се одвива финалниот дел во рамките на кој што ќе се снима краток игран филм, а целиот процес ќе биде тема на посебен документарен филм кој по третата фаза ќе се монтира во Македонија. Проектот е целосно финансиран од Француско-Германската Канцеларија за Соработка на Младин (OFAJ), која го избра Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА како свој партнер, чии што студенти и професори ќе можат и во иднина да реализираат слични проекти со нивна поддршка.