Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Со “Архелаос” отворен фестивалот во Нови Сад

Picture

Второто издание на Интернационалниот фестивал „Нови тврџава театар“ се одржува од 1 до 8 јули во „Вила Станковиќ“ во Чортановци, Нови Сад. Фестивалот беше отворен синоќа со претставата на Драмски театар „Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“ од Јордан Плевнеш, а во режија на Владо Цветановски. Како што е познато оваа претстава беше естетичкиот тестамент на прерано починатиот македонски театарски и филмски режисер Владо Цветановски и негова исклучителна визја за Балканот како цивилизациско поле.
„Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот“, се занимава со потрагата по модерната Ифигенија, ги открива модерните невини жртви и трага по одговорите каде не води старата и новата историја на Балканот. Претставата учествува во натпреварувачкиот сегмент на Фестивалот, кој го отвори актерката Мира Бањац.
Во претставата играат актерите Рубенс Муратовски, Игор Ангелов, Жарко Димоски, Трајанка Илиева Таци, Валдета Исмаили, Гордана Ендровска, Маја Вељковиќ – Пановска, Александра Павлова, Катерина Аневска, Емилија Мицевска.
Претставата беше поздравена со овации од новосадската публика.