Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

РОКОВИ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ПРИЕМНИ ИСПИТИ ЗА УЧЕБНАТА 2018/19

Почитувани кандидати, Ве известуваме дека ПРИЕМНИТЕ ИСПИТИ за сите пријавени кандидати за упис на нашот Универзитет во новата учебна 2018/19 година ќе се одржат на 12,13 и 14 септември во термините од 11 до 14 часот, и тоа за сите катедри на:

Факултетот за филмски уметности
(Филмска режија, Камера, Монтажа, Продукција, Фотографија, Музичка продукција, Анимација), заедно со новата студиска програма Филм и дигитални медиуми,

на Факултетот за Театарски Уметности
(Театарска режија, драматургија)

и Факултетот за применета музика
(Музички инструменти, Композиција на филмска музика, Вокална интерпретација, Современ танц)

   Пожелно е доколку кандидатите имаат изработено сопствени материјали (аудио-визуелни) или благодарници и дипломи од натпревари од соодветната област, да ги презентираат пред комисијата.

Приемниот испит за актерска игра ќе се одржи на 12 септември, со почеток во 12:00ч.
Пријавените кандидатите за актерска игра за приемниот испит треба да подготват:

  • еден монолог по слободен избор
  • една рецитација
  • расказ (сопствена приказна на слободна тема)

Испитната комисија ќе биде во состав Проф. Мето Јовановски, Проф. Роберт Вељановски и Проф. Гоце Ристовски.