Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Прв академски час на Универзитетот за аудиовизуелни уметности

Picture

Првиот академски час на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска Филмска Театарска и Танцова Академија, ќе се одржи на 19 Септември 2014 со почеток во 11 часот, во Кино салата на Кинотека на Македонија.
На церемонијата ќе присуствуваат претставници на Министерството за образование и наука, Дипломатскиот Кор, видни професионалци од областа на аудиовизуелните уметности, а специјален гостин ќе биде сликарот со светско реноме Омер Калеши, чија што монографија објавена на македонски и на албански јазик ќе биде свечено промовира.
Во рамките на церемонијата, премиерно ќе биде прикажан и заедничкиот филм на студентите од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА Рен, Франција и Фолкванг од Есен, Германија, кој што се реализираше во рамките на проектот “Европа мојот идентитет”, поддржан од OFAJ.