Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Покана за настанот “Музиката на Владигеров меѓу Балканот и Бескрајот” и отворање на фотографската изложба “Европа овде – Европа таму”

Picture

Универзитетот за аудиовизуелни уметности има чест да Ве покани на уметничката манифестација “Музиката на Владигеров меѓу Балканот и Бескрајот”, која ќе се одржи 25 Јуни 2015 (четврток), со почеток во 13.30 часот, во Кинотеката на Македонија.
Прогласување на Панчо Владигеров (1953), професор по пијано од Берлин и внук на легендата на балканската музика Панчо Владигеров (1899-1978), за почесен професор на Факултетот за применета музика при Универзитетот за аудиовизуелни уметности.

Пред тоа, со почеток од 13.00 часот ќе биде отворена фотографската изложба “Европа овде – Европа таму (1914-2014)”, реализирана со поддршка на АЛДА (www.bn-mk.org), како дел од програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија. На изложбата ќе се претстават студнетите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, од катедрата по Фотографија на професорот Роберт Јанкулоски: Зоран Шеќеров, Арди Борова, Ристо Арнаудов и Стефан Дамјановски

ПРОГРАМА:

13.00         Галерија на Кинотеката на Македонија
Фотографска изложба “Европа овде – Европа таму (1914-2014)

13.30         Кино Сала на Кинотеката на Македонија
          Две пиеси од опусот на Панчо Владигеров (1899-1978)
            o   Приспивна
            o   Реченица
          Две фолклорни пиеси
            * Изведуваат Љупчо Коскаров – труба и Дарко Мариновски – пијано
          Беседа на Ректорот Јордан Плевнеш и прогласување на Панчо Владигеров за почесен професор
          Обраќање на Панчо Владигеров и негов музички настап