Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Панчо Владигеров Почесен професор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности

На 25 Јуни 2015 се одржа манифестација “Музиката на Владигеров меѓу Балканот и Бескрајот”, во рамките на која за почесен професор на нашиот Универзитет беше прогласен Панчо Владигеров (1953), професор по пијано од Берлин и внук на легендата на балканската музика Панчо Владигеров (1899-1978).
На настанот присуствуваа Амбасадорката на Германија во Македонија, Г-ѓата Кристине Д. Алтхаузер, Амбасадорот на Бугарија во Македонја, Г-динот Иван Петков и Амбасадорот на мирот на УНЕСКО, светски познатиот бариотн Борис Трајанов.
Пред тоа, со почеток од 13.00 часот беше отворена фотографската изложба “Европа овде – Европа таму (1914-2014)”, реализирана со поддршка на АЛДА (www.bn-mk.org), како дел од програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Република Македонија. На изложбата се претставија студнетите на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, од катедрата по Фотографија на професорот Роберт Јанкулоски: Зоран Шеќеров, Арди Борова, Ристо Арнаудов и Стефан Дамјановски.
Во прилог следат и фотографии од настанот.