Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Кудси Ергунер – Doctor Honoris Causa

РВ АКАДЕМСКИ ЧАС НА ГЕНЕРАЦИЈА 2018/2019
На 21 септември, во салата на Кинеотека на Македонија едно од најголемите имиња на современата турска музичка уметност – Кудси Ергунер, Амбасадор на мирот на УНЕСКО кој четири децении живее во Париз, со свечена беседа на ректорот Јордан Плевнеш, беше прогласен за Doctor Honoris Causa, низ презентација на неговото импресивно уметничко дело на сите меридијани.
На истата свеченост беше доделена традиционалната награда на универзитетот „Љубе Цветановски“ за најдобар креативен документарен филм, на младиот автор Илија Цветковски за филмот „Avec L’Amour“.
Деканите на факултетите за филмски и театарски уметности, како и на факултетот за применета музика ги доделија индексите на новите студенти, како и дипломите на завршените студенти.