Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

Конкурс за учебната 2014/2015

Picture

Врз основа на член 57, член 108 и член 110 од Законот за високото образование („Службен весник на РМ“ број 35/2008), Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк објавува

К О Н К У Р С
за запишување студенти во прва година на прв и втор циклус студии
во учебната 2014/2015 година

1. Број на студенти
На факултетите (единиците) на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска академија, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк во Скопје, во прва година на прв циклус универзитетски студии (додипломски студии) и на втор циклус универзитетски студии (постдипломски, мастер студии), во учебната 2014/2015 година ќе се запишат следниов број студенти:

ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ:
–          Факултет за театарски уметности
o   Театарска режија – 10 студенти
o   Драматургија – 10 студенти
o   Актерска игра – 10 студенти
–          Факултет за филмски уметности 
o   Филмска и ТВ камера – 10 студенти
o   Филмска и ТВ монтажа – 10 студенти
o   Филмска и ТВ режија – 10 студенти
o   Продукција и менаџмент – 10 студенти
–          Факултет за сценски дизајн
o   Костимографија – 10 студенти
o   Фотографија – 10 студенти
o   Анимација – 10 студенти
–          Факултет за применета музика
o   Применета музика – 10 студенти
o   Вокална интерпретација – 10 студенти
o   Интерпретација на популарна музика – 10 студенти
o   Современ танц – 10 студенти
–          Факултет за тонска продукцијa 
o   Звучен инженеринг – 10 студенти
o   Музичка продукција – 10 студенти
o   Продукција на електорнска музика – 10 студенти

ПОСТДИПЛОМСКИ МАСТЕР СТУДИИ:
–          Факултет за театарски уметности
o   Театарска режија – 10 студенти
o   Драматургија – 10 студенти
–          Факултет за филмски уметности 
o   Филмска и ТВ камера – 10 студенти
o   Филмска и ТВ режија – 10 студенти
o   Продукција и менаџмент – 10 студенти
–          Факултет за сценски дизајн
o   Фотографија – 10 студенти
–          Факултет за тонска продукцијa 
o   Музичка продукција – 10 студенти
o   Дизајн на звук за филм, театар, радио и ТВ – 10 студенти
o   Акустика и аудиотехника – 10 студенти

2. Услови и критериуми за запишување
Право на запишување на прв циклус универзитетски студии (додипломски студии) имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во средни училишта верифицирани со акт на Министерството за образование и наука, кои  положиле државна матура, меѓународна матура или училишна матура во уметничко образование. Право на запишување на прв циклус универзитетски студии (додипломски студии) имаат и кандидати со завршено четиригодишно средно образование пред роковите за полагање на државна  матура. Странски државјани може да се запишат на студии под истите услови како и државјаните на Р. Македонија. Кандидатите се запишуваат како редовни студенти со самостојно надоместување на трошоците на студиите. Надоместокот за студирање на факултетите во состав на Универзитетот, е регулиран со правилник за наплата на школарина и изнесува од 2000 до 3000 евра во денарска противредност во зависност од катедрата.
Право на запишување на  втор циклус универзитетски студии (мастер) имаат кандидатите со завршено четиригодишно односно тригодишно високо образование од прв циклус. Странски државјани може да се запишат на студии под истите услови како и државјаните на Република Македонија. Надоместокот за студирање на факултетите во состав на Универзитетот, изнесува 800 евра од семестар во денарска противредност, а надоместокот за одбраната на магистерскиот труд изнесува 400 евра.
Наставата се изведува на македонски и англиски јазик.

3. Рокови  и потребни документи за  пријавување и запишување
Пријавувањето на кандидатите се врши од денот на објавувањето на конкурсот и трае до 01.10.2014 за додипломски студии и до 01.11.2014 за постдипломски с
тудии.
При пријавувањето за запишување на факултетите, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
– Пријава за запишување
– Свидетелство за завршено средно образование / За запишување на последипломски, мастер студии – Диплома за завршен прв циклус на студии, куса биографија (CV), документи за евентуални награди, признанија (авторски трудови), препораки и сл.
– Извод од матичната книга на родените
– Кандидатите странски државјани, со пријавата, поднесуваат нострифицирано свидетелство за завршено средно образование (за додипломски студии) т.е.диплома за завршен прв циклус на студии (за постдипломски студии) во странство.

Документите се поднесуваат до
Универзитет за аудиовизуелни уметности, ул. Никола Русински, бр.1. 1000 Скопје,
телефон. 02 3061 543 / факс: 02 3067609
e-mail: info@esra.com.mk / esraskopje@gmail.com