Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

КОНЦЕРТ НА ПРОФЕСОРИТЕ ОД УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ ВО ЊУЈОРК

Уметниците проф .Љупчо Коскаров – труба,  проф.Јасна Аврамовска – пијано и  проф.Дарко Мариновски на 9 септември 2018 год. одржаа незаборавен концерт во ексклузивниот концертен простор ,,Klavierhaus” во Њујорк каде што пред  прекрасната и стручна публика ги изведоа делата на Ж.Бизе (Кармен фантазија), А. Дворжак ( 4 словенски танци), Д. Шостакович (концерт за 2 пијана и труба оп.35), А.Родриго (Аранјез) и Л.Бернштајн (Приказна од западната страна).

Нашите истакнати македонски уметници на овој концерт ги презентираа делата на овие автори на највисоко уметничко ниво силно пренесувајки ја интерпретацијата до срцата на слушателите.
Нивниот настап беше награден со бурни аплаузи и 3 биса на кои беа изведени македонските народни песни ,,Деспина“ , Тиквешки марш“ во стилизирана форма како и познатиот валцер бр.2 на Д.Шостакович, обработен за 4 рачно пијано и труба.

Исто така овие наши истакнати уметници на 7 септември во уметничката галерија на Македонскиот културен центар (Galery MC) одржаа краток концерт во чест на отворањето на изложбата на нашата еминентна сликарка Маријета Сидовски каде беа изведени двете стилизирани македонски песни ,,Деспина“ и ,,Тиквешки марш“ како и Кармен фантазијата од Ж.Бизе. И овој мал настап кај публиката предизвика бурни реакции полни со возбудливи емоции и воодушевување.
Ова е огромен успех и за нашиот универзитет кога нашите истакнати професори настапуваат во  големите метрополи како што е Њујорк и претставува мотивација за уште поголеми залагања.