Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Јордан Плевнеш добитник на признанието “Златен век”

Јордан Плевнеш добитник на признанието “Златен век”

Picture

Македонскиот писател со интернационално реноме, Јордан Плевнеш, Ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, ЕСРА Париз-Скопје-Њујорк, е добитник на највисокото признание на Министерството за култура на Бугарија – “Златен век, Св. Кирил и Методи”, кое се доделува на денот на Св. Кирил и Методи, Апостолите на словенската писменост. Ова високо признание до сега го добиле само пет добитници од Европа. Наградата му е доделана за неговото уметничко творештво, за неговата мисија во доближувањето на балканските култури и за градењето на духовните мостови помеѓу Бугарија и Македонија.
На свеченоста која што денес (23 мај 2014) беше приредена по тој повод, со присуство на врвни имиња од бугарскиот јавен живот и култура, помеѓу кои актерите Рени Врангова и Стојан Алексиев, режисерот Александар Морфов и академскиот сликар Светлин Русев, во свечената сала Колегиум, наградата ја додели Министерот за култура на Р. Бугарија, Г-динот Петар Стојанович.
Претходниот ден Г-динот Плевнеш беше гостин на Интернационалниот театарски фестивал во Враца, каде што Претседателот на Фондацијата Балканика, Г-динот Николај Стојанов, го промовираше второто издание на драмата “Р” од Плевнеш, која е играна во 30-тина земји во светот. Во рамките на фестивалот на интернационалната работилница на агенцијата Нета беше промовирано и неговото ново драмско дело “Св. Кирил и Методи 11-века подоцна”, кое со актери од 10-тина словенски земји ќе биде изведено 2015 година на интернационалниот театарски фестивал во Букурешт.