Тел: +389 2 3061543 | Факс: +389 2 3067 609 | Следете нѐ на:

a

Еуропа Прима

ЕСРА со поддршка за новиот театарски фестивал во Охрид

Picture

Со изведба на претставата „Суд за морални вредности“ по текст на постдипломката по дрматургија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА, Маре Ристеска, а во изведба на театарската група на Црвениот крст Охрид, синоќа во предворјето на црквата „Св. Софија“ започна првиот аматерски младински театарски фестивал насловен како „Вдиши театар“.
Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА го поддржа овој настан со доделување на 5 стипендии за најдобрите учесници.
Пред бројните присутни, претседателот на Црвениот крст Охрид, Сашо Точков, го пофали актерскиот талент на младите волонтери, кои покрај својата креативност, преку театарот покажаа хуман дух и вредности.
Навистина секој збор би бил сувишен, освен зборот браво за овие млади луѓе. Дозволете со вас да ја споделам мојата почит и воодушевување од настапот на младите и талентирани актери, но и хумани волонтери на Црвениот крст. Вечерва на овој начин преку театарот, покажаа и докажаа дека хуманоста и човечноста се навистина главниот столб на животот на секој човек. Негувањето и почитувањето на овие вредности, ја откриваат широката димензија на Црвениот крст, која е втемелена во пораките на сите оние актери, режисери и текстописци, коишто овие четири дена ќе го прикажат и доловат на публиката.“ – рече Точков.
Тој изрази задоволство од екипата која цели два месеци ја подготвувала оваа театарска претстава, насловена како „Суд за морaлни вредности“.
Задоволство ми е да ја истакнам екипата која пожртвувано работеше два месеци за да го изготви ова дело. Тоа е авторот Маре Ристеска, режисерскиот тим Весна Терзијоска, Даниел Наумовски и Маре Ристеска. Голема благодарност и до Универзитет ЕСРА и неговиот ректор, Јордан Плевнеш, за поддршката која ни ја пружија.“ – додаде Точков.
„Суд за морални вредности“ во суштина претставува спој на иднината, сегашноста и минатото. Актерите на специфичен и саркастичен начин,  прикажаа ликови од различни временски периоди, чие однесување и постапки се делумно исти со денешните.
Имаме специфични реквизити, бидејќи претставата е спој на иднината, сегашноста и минатото, а судот доаѓа од иднината. Глумците се облечени во специфични костуми со соодветна шминка која е футиристичка. Очекуваме луѓето да бидат задоволни, а младите преку „Суд за морални вредности“ покажаа дека можат да глумат не само во комедии, туку и во една сериозна претстава.“ – рече Маре Ристеска, текстописец на претставата и дел од режисерскиот тим.
На овој пет дневен младински театарски фестивал, својот актерски талент, низ шест театарски претстави ќе го прикажат над 100 талентирани млади актери-аматери од Охрид, Кичево, Ужице и Крагујевац, што воедно ќе отвори можност за сплотување на театарски групи од градот и соседните држави, соработка, размена на искуства и стекнување нови пријателства.
Фестивалот е организиран да се поттикнат младите да го искористат рационално своето слободно време, да ги приближиме до културата и театарот и секако, да ја збогатиме програмата пред почетокот на охридската летна туристичка сезона.“ – потенцира Ристеска.
Инаку, фестивалот се одржува во рамките на програмите на Црвениот крст за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите. Фестивалот трае до први јуни.